Австралиски универзитет создаде изложба која со помош на џиновски екран на допир им овозможува на луѓето да комуницираат со вештачко интелигентни диносауруси со природна големина, што всушност наликува на еден виртуелен „Jurassic Park“.
Научниците, врз основа на најновите научни податоци, реконструирале и анимирале 10 различни праисториски видови на диносауруси, вклучувајќи го Тираносаурус Рекс, како и најголемиот познат птеросаур – „Quetzalcoatlus“, и ги проектирале на екранот.
https://vine.co/v/ibTZ1YMgvtt
Најинтересниот дел е тоа што диносаурусите може да ве видат и соодветно да изреагираат на вашето присуство.
https://vine.co/v/ibIEYLM9Qe5
Покрај тоа, оваа изложба, наменета за едукација и забава на децата за време на распустот, овозможува ископување на фосили и обезбедува информации за масовното изумирање на диносаурусите, како и временската линија на Земјата.