Вистината за првиот летечки скејтборд

Деновиве по голем дел од медиумите , посебно америчките, се вртеше веста дека е направен првиот летечки скејтборд од страна на компанијата „Аркс Пакс“ креирана од архитектот Грег Хендерсон и неговата сопруга Џил.

Новиот продукт, што го имаат наречено Хендо, требаше да претставува скејтборд без тркала кој може да лета 2.5 см. над земјата користејќи ја добро познатата технологија на магнетна левитација, но за жал, не претставува ништо друго освен скапа играчка. 

На официјалната промоција дојдоа повеќе луѓе да го пробаат новиот скејтборд , меѓу кои беше и еден од најпознатите професионални скејтбордери Тони Хавк , меѓутоа освен доброто дружење , не бевме импресионирани од Хендо дури и под командата на Тони.

 

Главната негативната страна на овој производ е тоа што тој не може да лета над друга површина што не е електричен спроводник т.е. може да лета само над бакарни и алуминиумски површини.
Другите негативни страни му се големата тежина (41 kg.) како и големата потрошувачка на енергија од 40 w за 1 kg. што е аналогно на термо печка од 4kw за човек од 100 kg.
Ова значи дека за да го товариш во кола треба да викнеш уште еден човек за помош и за да се возиш на него десетина минути треба да потрошиш 2-3 литиумски акумулатори.


Меѓутоа скејтбордот е само инструмент кој треба да ја покаже главната замисла на Хендерсон, а тоа е концептот за левитирачки куќи и згради.
Според Хендерсон, оваа технологија може да се искористи во случај на земјотрес , поплава или лизгање на земјата ,така што објектот ќе се подигне од земјата се додека не заврши опасноста.
Исто така, Хендерсон ја замислува оваа технологија како добра за транспорт на роба низ магацините.

Овој производ, иако на прв поглед изгледа како нешто револуционерно, тој е сепак само смислен комерцијален потег и не може да биде ништо друго освен скапа играчка.

Жал ми е, но морам да ви соопштам дека можеби ќе треба да почекаме уште 25 години до првиот вистински летечки скејтборд.

А што се однесува до куќите што левитираат, идејата е одлична, само уште да се измисли ладна фузија за да го напојува уредот.

После прегледувањето на ова видео работите ќе ви станат појасни.

 

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: