За прв пат после 10 години – Забележана Арабиска пустинска мачка

Арабиската пустинска мачка (Felis margarita harrisoni) е подвид на пустинската мачка која важи за срамежливо и таинствено животно, кое може да се забележи само во текот на ноќта во пустините.

Таа е ноќен ловец совршено прилагоден на својот пустински дом. Нема потреба да пие вода, а сите работи што и се потребни ги добива од својот плен кој вклучува птици, влекачи и цицачи. Специјалните влакна во ушите и на шепите спречуваат песокот да не навлезе во нив.

И покрај тоа што е широко застапена во пустините во северна Африка, Арабија и централна Азија, научниците не знаат многу за овој таинствен вид, поради недостатокот на податоци и тешкотиите при нивното набљудување.

На црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата, овие мачки се наведени како „речиси загрозени“, додека во Обединетите Арапски Емирати веќе важат за загрозен вид и се прават обиди за нивно размножување во заробеништво, во зоолошките, за да се зачува нивниот вид.

Во западниот дел на Обединетите Емирати овие мачки во дивината се само делумно документирани, а тие податоци датираат од пред 10 години. Така, во 2005 година се сметало дека во овој дел има помалку од 250 вакви мачки.

b5dbhp-800x533

Шекил Ахмед, асистент научник во Агенцијата за животна средина – Абу Даби, се изморил од читање на анегдотични извештаи и решил тој самиот да ги побара и документира мачките. Во 2015 година, успеал да направи 46 фотографии од три поединечни мачки во Бајнона – заштитена област во Абу Даби. Мачките биле забелажани доцна навечер на постудени температури, што укажува на тоа дека преферираат пониски температури помеѓу 11 и 28 степени. Нивното живеалиште биле песочните дини со малку вегетација.

sand-cat-photo-environment-agency-abu-dhabi

Истражувачите се надеваат дека овие информации ќе им помогнат за формирање на идни стратегии за зачувување, а потребни се и дополнителни истражувања за нивниот начин на живот, за да можат да се изградат соодветно заштитени подрајчја.

Истражувањето е објавено во „European Journal of Wildlife Research“.

Поддржете ја нашата работа: