Запознајте го „Immortus“, првиот спортски автомобил што се движи на сончева енергија. Но, тоа што е на сончева енергија не значи дека не може да биде со стил. Ова е идејата за првиот спортски автомобил на сончева енергија, што се развива во Австралија.
„Immortus“е изум на стартап компанијата за електрични возила „EVX“, која работи на возилото заедно со истражувачите од Универзитетот за технологија Свинбурн, во Мелбурн, Австралија.
Возилото функционира како обично електрично возило, но поседува и соларни панели на покривот, што му овозожува значително подолго да остане на патот. Всушност, можеби и неограничено.
„Способноста да се движи на сончева енергија и да складира енергијата за подоцнежна употреба му овозможува на возилото практично бесконечно да се движи. Се додека има сонце и „Immortus“ живее“- се вели на веб-страницата на „EVX“.
Според спецификациите, „Immortus“ би требало да достигне 100 км за помалку од 7 секунди. Во комбинација на акумулатор и соларна енергија може да вози до 550 км, со просечна брзина од 85 км на час. Сепак, во зависност од временските услови, во„EVX“ велат дека теоретски, возилото би можело неограничено да се движи само со помош на сончева енергија и со брзина од над 60 км на час.
Треба да се напомене дека „Immortus“ фактички се’ уште не постои, засега е само концепт, така што овие спецификации во моментов се само теоретски. Меѓутоа, креаторите прават се што е во нивна моќ да ја овозможат оваа технологија, а специјално изработен модел од нивниот соларен спортски автомобил беше претставен на автомобилската изложба „SEMA 2015“, што се одржа минатиот ноември во Лас Вегас.
Ако ви се допаѓа изгледот на „Immortus“, веројатно не сте единстени. Неговиот префинет спортски изглед едноставно маѓепсува. Но, се очекува да бидат произведени само 100 возила, со продажна цена за која се проценува дека ќе достигне 370.000 американски долари.
Енаука.мк (реобјавена статија)