Запознајте го новиот вегетаријански крвав хамбургер

Њујоршкиот ресторан „Momofuku Nishi“ ќе биде првиот ресторан што ќе служи т.н. „невозможен хамбургер“– „крвав“ хамбургер на база на зеленчук, дело на стартап компанијата „Impossible Foods“.

Основачот на „Impossible Foods“, Патрик Браун, вели дека ова е дел од напорите за редуцирање на влијанието што го има јадењето на месо врз животната средина. Во својот состав содржи вода, протеин од пченица, кокосово масло и „природни вкусови“, но клучната состојка која му го дава изгледот на месо е молекулата „хем“, што ја има кај животните, а е помалку застапена кај растенијата.

Хем е тајната на „Невозможниот хамбургер“. Тоа е молекула што содржи железо и е дел од хемоглобинот во крвта – протеин за кој е закачен хемот. Оваа молекула во овој хамбургер е идентична како таа во крвта, поради што овој хамбургер се нарекува и „крвав“, но во овој случај потекнува од сојата и овозможува исти својства и вкус како и вистинскиот хамбургер од месо.

momofuku_impossible_burger_nishi_style

Посните плескавиците кои имаат вкус на вистинско месо би требало да бидат голема благодет, со оглед на тоа дека само во САД 10 проценти од стакленичките гасови што се производ на земјоделството, во најголем дел потекнуваат од гасовите што ги испушта добитокот, како и поради предупредувањата на Светската здравствена организација дека секојдневното јадење месо го зголемува ризикот од појава на рак на дебелото црево.

Доколку новиот производ е вкусен како и обичниот хамбургер (а без овие проблеми), тоа ќе биде навистина извонредно.  

Поддржете ја нашата работа: