Ова неверојатно искуство се надеваме дека наскоро ќе можеме да го искусиме и во некој наш забавен парк.
Врзете ги појасите и ставете ги наочарите приказната започнува
Вие сте копилот во воен авион во некое далечно време и се вклучувате во битка за спас на планетата од надворешна инвазија на вонземјани.
На самиот старт симулацијата покажува дека авионот полетува од некоја зграда и понира надоле ( во истиот момент кога и вие вистински паѓате од највисоката точка на „ Roller coasterot “ )
Вашиот авион лета низ градот, се рушат згради експлодираат објекти околу вас , за да накрај стигнувате до матичниот брод на вонземјаните кој го штитат голем број дронови.
Влегувате во битка и се надевам дека патот ќе ве однесе до Калифорнија да кажете како си поминавте.
Погледнете ги видеата и видете што се ќе донесе новата технологија