Запознајте го новиот вселенски патник. Се вика F.E.D.O.R. и е спремен за борба

Рускиот нов хуманоиден робот наречен F.E.D.O.R. започна со вежбање на гаѓање во мети.

Неговите творци сакаат дополнително да ги подобрат неговите моторни способности, како и алгоритмите за донесување на одлуки, изјавува рускиот заменик премиер, задолжен за одбрамбената и вселенска индустрија, пишува Russia Beyond The Headlines.

”F.E.D.O.R. (Final Experimental Demonstration Object Research) ја демонстрираше неговата способност за гаѓање со двете раце”, Напиша Димитриј Рогозин на Твитер, додавајќи дека гаѓањето во мети му овозможува на роботот способност за моментално одредување на приоритети и донесување на одлуки.

Роботот покажа способност за уште подобро прикачување на светилка, со што докажал дека може да ракува со кршливи предмети, потоа ставање на клуч во брава, отворање врата, палење на светло и возење на автомобил.

Роботот F.E.D.O.R. развива фонд за андроидна технологија и напредни истражувања под надзор на руското министерство за итни случаи.
Освен проектот Спасител, роботот ќе биде во состојба да извршува и други задачи. Така би можед да стане и единствениот патник во руското вселенско летало, во текот на неговиот прв лет во 2021 година.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt