Запознајте го рускиот робот кој ќе ја „освои“ вселената

Робонаутот кој го направи НАСА наскоро ќе го добие својот роботски пријател Фјодор, кој веќе неколку години го развива Русија.

Новите фотографии даваат досега најдетален приказ на Фјодор, кој на тестирањата дига тегови, затвора вентили и врши други задачи. Се планира Фјодор да биде испратен на Меѓународната вселенска станица, но многу поамбициозни се задачите за на Месечината, која Русите сакаат да ја освојат со роботски сили.

Имено, руските научници се надеваат дека токму со помош на ваков робот и неговите наследници ќе изградат база на Месечината. Ваков робот може да ползи, да стане ако падне, да управува со возила и да работи во нормалните згради.

Висок е 180 сантиметри, а тежи од 106 до 160 кг. во зависност од опремата. Може да подигне товар од 20 кг.

russian-robot-to-act-as-companion-to-astronauts

robot-640x411

„Астронаутите во иднина ќе се потпираат на роботите за време на прошетките во вселената  и на другите планети. Неговите способности се еднакви со човечките, а во некои работи и помоќни“ – изјавил Сергеј Курс, водач на проектот во Националниот центар за технолошки развој и роботика.

Користењето на роботи во вселената во иднина ќе заштеди многу пари, а на астронаутите ќе им овозможи слободно време за други задачи и активности, велат руските научници.

Заради опасноста од долгорочна изложеност на вселенско зрачење, астронаутите при вселенските прошетки не смеат да поминат повеќе од девет часа, така што роботите ќе бидат логичен избор за разни задачи во блиска иднина. Со нив ќе се управува преку посебни одела што ќе ги носат луѓе или преку гласовни наредби.

fyodor-humanoid-robot

Од Русија веќе стигаат најави дека до 2025 година би требало да почнат со летови на Месечината. За 2026 планиран е беспилотен лет околу Месечината, а во 2027 сакаат да испратат модул во орбитата на нашиот сателит. На Месечината планираат да слетаат во 2031 година.  

Поддржете ја нашата работа: