Запознајте ја Шарлота – еден од најголемите пајаци-ловџии пронајдени во Австралија

Овој пајак, наречен Шарлота, бил спасен од страна на Австралиското засолниште за животни минатата година и сега мирно живее на нивната фарма. Таа не е измерена, но врз основа на фотографиите, може да е еден од најголемите пајаци-ловџии досега пронајдени во Австралија.

Овој вид на пајаци-ловџии се доста чести во домовите во Австралија, и тие го добиле своите име поради тоа што не плетат мрежа, туку буквално го ловат својот плен, што обично се инсектите како на пример штурци или лебарки.

Ова име е дадено на повеќе од илјада одделни видови на пајаци кои му припаѓаат на семејството „Sparassidae“, кое го има низ цела Австралија, Африка, Азија, Медитеранот и Америка.

Иако пајаците-ловџии се доста големи, не е вообичаено да се види пајак со распон на ногата од 15см како виси од вашата кујна, доколку живеете во Австралија, а сликите од Шарлота покажуваат дека таа е дури и поголема.

Организацијата објаснува дека тие го ослободиле пајакот на нивната фарма минатата година, и не ја виделе оттогаш за да направат нови слики или видеа. „Таа е многу убава, и мирна, не е агресивна како другите пајаци, сака само да си живее на мира и да си јаде бубачки. Таа не треба да биде убиена. Кутрите пајаци се толку погрешно сфатени“ – велат од организацијата.

Официјално не е потврдено на кој вид спаѓа Шарлота, или колку точно е голема – возможно е и перспективата на сликите да прави да изгледа поголема отколку што навистина е.

12088072_721652814636499_5516293549278388279_n

Иако таа е навистина голема за пајак-ловџија, тоа најверојатно не е доволно за да биде најголемиот пајак-ловец досега.

Во 2001-вата година еден тим на германски истражувачи открија огромен пајак ловец (Heteropoda maxima) во една пештера во Лаос, чијшто распон на низете бил околу 30см- приближно со големина колку една чинија, што го прави најголемиот пајак по распонот на нозете досега.

Добрата вест е, и покрај тоа што изгледаат многу страшно, овие пајаци не се сметаат за отровни и опасни за луѓето, иако нивното каснување може да биде доста болно.

Се надеваме дека Шарлота ќе ја подигне свеста за фактот дека и пајаците се важен дел од екосистемот и вреди да се заштитат.

„Со извинување до сите трауматизирани. Шарлота би сакала да поминете преку вашата фобија и да видите колку всушност неверојатно суштество е таа“ – велат спасувачите од организацијата.

Доколку може да поминете преку вашата фобија, погледнете го овој пајак-ловец кој беше снимен минатиот месец како влече глушец вертикално нагоре по фрижидер.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.