Ова е Софија – робот создаден од страна на д-р Дејвид Хансон, основач на „Hanson Robotics“ кој сака на пазарот да донесе мудри човечки роботи кои ќе можат да развијат длабоки доверливи односи со луѓето.
Софија беше претставена на фестивалот „SXSW Interactive“ кој се одржува секоја година во март, во Остин, главниот град на Тексас, Калифорнија и според сите извештаи ги освоила срцата на присутните, но направила една грешка. Кога ја прашале дали сака да ги уништи луѓето, таа одговорила: „Добро. Ќе ги уништам луѓето“.
Ако го тргнеме уништувањето на луѓето на страна, Софија е прилично сигурен робот, со оглед на тоа што таа, заедно со други роботи од таков вид, е дизајнирана да служи во областите на здравствена заштита, терапија, едукација и служба за корисници.
Како што Хансон објаснува, Софија има камери во очите кои овозможуваат да ги гледа лицата на луѓето и да воспоставува контакт со очите. Го разбира нивниот говор и со помош на нејзината роботска меморија може да се сети на нешто што било кажано во изминатите разговори. Нејзините алгоритами се подесени на тој начин што со текот на времето ќе станува попаметна.
Официјалниот веб сајт на компанијата открива дека на Софија неодамна и се придружил уште еден робот – Џои Хаос – хуманоиден панк рокер кој сака да зборува за музиката, а воедно има и свои гледишта за одредени политички прашања.