Здравствени придобивки од одењето во сауна

Сауните се познати по своите релаксирачки својства, но, една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот во Источна Финска покажа дека честите посети на сауна исто така може да го намалат ризикот од деменција, но сепак не се сигурни зошто е тоа така.

Тимот проучувал повеќе од 2.000 средновечни мажи кои живеат во источниот дел на Финска. Учесниците биле поделени во три групи и биле проучувани во зависност на нивните навики кон сауна. Првата група користела сауна еднаш неделно, втората група 2 до 3 пати неделно и третата 4 до 7 пати неделно, според „Medical Xpress“.

По разгледувањето на резултатите, истражувачите откриле дека колку почеста била посетата на сауна, толку бил помал ризикот од деменција. Помеѓу оние кои посетувале сауна 4 до 7 пати неделно, ризикот за каква било форма на демеција бил за 66 проценти помал. Покрај тоа, шансите за добивање на Алцхајмерова болест биле за 65 проценти пониски отколку кај оние кои не користеле сауна воопшто.

Според професорот Јари Лауканен, водачот на студијата, сауната може да го заштитува и срцето и меморијата, но точните механизми зад оваа заштита не се познати.

„Сепак, се знае дека здравјето на кардиоваскуларниот систем исто така влијае и на мозокот. Чувството на благосостојба и релаксација за време на седењето во сауна исто така може да има улога“ – објаснува Лауканен, според „Medical Xpress“.

Алцхајмеровата болест е 7-мата водечка причина за смрт во САД, и еден од три стари лица умираат со Алцхајмерова болест или друг облик на деменција, според Здружението за Алцхајмерова болест. Поврзаноста помеѓу одењето во сауна и шансите за добивање на деменција претходно не се испитувани, објавува „Medical Xpress“.

Поддржете ја нашата работа: