Овој огнен кратер, 70 метри широк и 30 метри длабок, е познат како „Врата до пеколот“ и се наоѓа сред пустината Каракум, во близина на селото Девезе, во Туркменистан. Верувале или не, претставува извор на природен гас, или плин.
Во 1971 година, тим геолози од Советскиот сојуз барале резерви на нафта и на ова место поставиле платформа за дупчење. По дополнителни испитување, сфатиле дека се работи за природен гас, а не за нафта, но сепак почнале со дупчење при што се отворил овој кратер и ги проголтал сите алати за работа.
За среќа, не бил загубен човечки живот, но започнало да се ослободува голема количина на отровен метан гас, па за да се спречи катастрофа од поголеми размери, научниците решиле да го запалат гасот, мислејќи дека ќе изгори за неколку часа, или можеби неколку дена.
Тоа се случило пред повеќе од 40 години и овој кратер, односно гас, се’ уште гори и привлекува стотици туристи секоја година, иако претседателот на земјата во 2010 година нареди да се затвори, односно затрупа ова место.
Резервите на природен гас на Туркменистан се рангираат на 5-то место на светот, но недостатокот на меѓународни гасоводи ги попречува напорите за развој.
Канадскиот авантурист Џорџ Коронис е првиот човек кој во 2013 година се спушти во оваа јама и ја опиша како „Колосеум на огнот“, а своето искуство го раскажа на „National Geographic“.
https://www.youtube.com/watch?v=iq8F7DFjpDk