Научниците од ЕТХ Цирих во Швајцарија направиле лесен вид на злато што се состои од 98% воздух, 20-каратно злато и млечни протеини. Покрај тоа што има сјај како и нормалната форма, овој, таканаречен златен аерогел, речиси целосно направен од воздух, има голем број необични својства, со што потенцијално се овозможува широка примена.
Научниците успеале дако на го направат овој златен аерогел преку изработка на тродимензијална златна мрежа, скоро целосно порозна. Од двата проценти што не се воздух, повеќе од четири петини е 20-каратно злато, а остатокот се фини нанометарски нишки од млечен протеин.
Прво, тие го загревале млечниот протеин до создавање на тенки нишки – технички познати како амилоидни влакна, а потоа ги измешале со златна сол. Во ваквиот раствор, влакната се испреплетуваат и ја создаваат основната структура, а златните честички кристализираат околу неа во уште помали честички. На овој начин е формирана златна мрежа во вид на гел.
Главниот предизвик за научниците бил да се осуши растворот без да се уништи оваа нежна мрежа од протеински влакна и злато. Наместо сушење со воздух, тие морале да применат долготраен и деликатен процес наречен суперкритично сушење, кој исто така се користи и за декофеинизација на кафето.
Во текот на процесот, научниците сфатиле дека можат да ја промент бојата на аерогелот, преку додавање на поситни златни честички и на тој начин добиле темно-црвено злато.
На сликите може да се види како изгледа тоа:
На сликата лево е пената од амилоидни нишки без злато, на средната слика е златниот аерогел составен од златни микрочестички, а на сликата десно е златниот аерогел составен од златни наночестички.
Со менување на оптичките својства на аерогелот – кои се поврзани со тоа како материјалот ќе реагира со светлината, научниците успеале да ги менуваат боите, како и да ја прилагодат брзината со која материјалот ќе ја апсорбира и ќе ја рефлектира светлината.
Ова значи дека златниот аерогел не само што може да најде примена во „новитетите“ кај часовниците и накитот, туку има и огромен потенцијал како нов хемиски катализатор. Поради огромната површина, благодарение на порите, златниот аерогел може да ги олесни хемиските реакции со голема брзина. Може да најде примена и за изработка на мали сензори за притисок со користење на златната пена.
„Под нормален атмосферски притисок, поединечните златни честички не се допираат и аерогелот не пренесува електрична енергија, но кога притисокот ќе се зголеми, материјалот се згуснува, со што честичките се допираат и материјалот станува проводник “, велат научниците.
Материјалот е опишан во списанието „Advanced Materials“.