Зошто антисептиците печат при апликација на отворена рана

На сите ни е познато пецкањето откако на отворена и дезинфицирана рана ќе ставиме антисептик. Но што точно стои позади ова чувство?

За тоа се одговорни етанолот и водород пероксидот кои се наоѓаат во антисептиците. Двете соединенија предизвикуваат чувство на печење. Етанолот го активира VR1 рецепторот кој е одговорен за пецкање, кога е изложен на топлина и одредени соединенија како што е капсаицинот во чили пиперките. Овој рецептор се активира на температура повисока од 42˚C и воглавно сам од себе никогаш не се активира, освен ако навистина се изгориме.

Кога етанолот ќе дојде во контакт со рецепторот VR1, температурата се смалува на онаа под телесната температура, па чувствуваме дека сме изгорени, иако всушност не сме.

Чувството на пецкање, кое се јавува кога ќе испиеме некој жесток пијалок, исто така е поврзано со сроден рецептор TRPV кој се наоѓа насекаде по нашето тело.

Етанолот активира ист рецептор во хранопроводот, а резултатот е привремено пецкање. Иако етанолот се наоѓа во пиво и вино, неговата концентрација не е доволна за активирање на рецепторот.

Водород пероксидот активира друг рецептор,TRPA1. Иако тој на научниците им е сеуште непознат, изгледа дека функционира на ист начин како VR1. За среќа, чувството на пецкање кое го предизвикуваат етанолот и водород пероксидот е минливо и ни малку не е штетен за ткивото.

Поддржете ја нашата работа: