Општеството многу одамна ја поврзува повисоката интелигенција и креативно мислење со менталните болести кои се движат од мали до тешки растројства (депресија, шизофренија, биполарно растројство итн.)
Биполарното растројство, кое влијае на 2,5 проценти од населението на САД, било присутно кај многу успешни луѓе меѓу кои се Винсент Ван Гог, Баз Олдрин, Емили Дикинсон, Ернест Хемингвеј, Џексон Полок како и Вирџинија Вулф-која се удавила во 1941-та г, и покрај недостигот на модерна дијагноза.
Како меч со две острици, повисоката интелигенција може да има и негативна страна.
Покрај вообичаената желба за самолекување, попаметните луѓе имаат тенденција кон алкохол и дрога повеќе од просечно – можеби во потрага да им се разгори чувството за љубопитност опишано во „Savanna-IQ Interaction Hypothesis“.
Долго време пред земјоделската револуција да го донесе алкохолот на луѓето, животот на африканските савани за време на Плеистоценот помогнал во дизајнирањето на модерниот ум. „Човековиот мозок има потешкотии во разбирањето и справувањето со субјектите и ситуациите кои не постоеле во животната средина на предците“ – вели еволутивниот психолог Сатоши Каназава од Лондонската школа за економија.
Во модерниот живот, можноста за пиење или внесување на халуциогени супстанци претставува состојба на „еволуциски роман“ многу полесно истражена од страна на попаметните и похрабрите од нас. Всушност, корелацијата е толку силна што научниците велат дека спротивноста е точна: Луѓето со помала интелигенција имаат помала веројатност да пијат или да употребуваат дрога.
Сега, научниците идентификувале биомолекуларна врска помеѓу љубопитноста како особина и интелигенцијата во целина, што било потврдено од едно истражување во 2009 г. во Неурон од страна на истражувачите од Универзитетот во Торонто и и Институтот за истражување „Samuel Lunenfeld“. Поконкретно, невронскиот калциум сензор -1 протеин бил поврзан со модел на глушец со просторна меморија и љубопитност. Интересно, истиот проетеин е поврзан и со луѓе со биполарно нарушување и шизофренија.
И други истражувања ја подржуваат поврзаноста помеѓу интелигенцијата и менталните здравствени проблеми, и покажуваат дека биполарното растројство е четири пати почесто кај младите луѓе кои имале чисти петки во училиште. Иако долго време постоеле сомнежи, оваа поврзаност е пронајдена од страна на Кралскиот колеџ во Лондон во соработка со институтот „Karolinska“ во Шведска со споредување на евиденцијата на шведската националната школа со дијагнозите на ова нарушување. Можеби и не е толку чудно што поврзаноста помеѓу високите оценки и биполарното растројство била најголема кај учениците кои се истакнуваат во музиката и јазикот.
Иако некои студии не покажуваат некаква поврзаност, повеќе од 30 академски извештаи ја подржуваат врската помеѓу интелигенцијата и биполарното растројство – помеѓу другите болести. Истражувачите продолжуваат да експериментираат со модели на глувчиња и протеини, и остануваат во потрага на она што недостасува. Наскоро, науката може да ни даде подобри лекови за третирање на неадаптивните болести на умот.