Зошто се потиме?

Man looking at sweat under his arms

Сигурно сте забележале дека при еднакви услови луѓето различно со потат – некои за кратко време целите се облиени со пот, додека други едвај малку се испотиле. Но, зошто е тоа така, зошто некои луѓе се потат повеќе од другите?

Сепак, како прво, зошто воопшто се потиме?

Потењето е многу важен физиолошки процес бидејќи му помага на телото да ја контролира телесната температура. Кога надворешната температура е висока, влагата што се наоѓа на површината на телото испарува, со што телото се лади по малку. Ние имаме тенденција да се потиме повеќе при зголемена физичка активност или стресни ситуации, односно кога ќе почувствуваме дека сме загрозени или вознемирени.

sweating

Потни жлезди

Потта е продукт на малите потни жлезди кои се присутни на кожата по целото тело. Човекот се раѓа со околу 2 – 4 милиони потни жлезди. Иако во женската кожа се ноѓаат повеќе потни жлезди, мажите имаат тенденција да се потат повеќе од жените, бидејќи во просек нивните потни жлезди се поактивни.

skin-sweat-glandЧовечката пот содржи 99% вода и 1% сол и масти. Дневно се излачува приближно еден литар пот. Сепак, количеството варира во зависност од бројни фактори:

Полот

Како што беше спомнато, мажите се потат pовеќе од жените и покрај тоа што имаат помалку потни жлезди.

Бројот на потните жлезди

Бројот на потните жлезди варира од поединец до поединец, така што тие што имаат повеќе потни жлезди се потат повеќе. Ако имате повеќе потни жлезди од вашиот пријател (а сте од ист пол), нормално ќе се потите повеќе од него.

s3.amazonaws.com%2Fcme_public_images%2Fwww_livestrong_com%2Fphotos.demandstudios.com%2Fgetty%2Farticle%2F81%2F30%2F76723933_XS

Интензитетот на физичката активност

Колку е поинтензивен физичкиот напор на кој сте изложени, толку повеќе ќе се потите.

Надворешната температура

Надворешната температура има најдиректно и најочигледно влијание на тоа колку ќе се потите. Ако се наоѓате во потопла средина, ќе се потите повеќе од тие што се во поладна средина.

Емоционалната состојба

Колку сте понервозни, исплашени или загрижени, толку повеќе ќе се потите.

Масното ткиво

Подебелите луѓе се потат повеќе од послабите. Вишокот масно ткиво делува како изолатор и ја зголемува внатрешната температура, што предизвикува подебелите луѓе да се чувствуваат потопло и да се потат повеќе.

Хиперхидроза – пореметување

Прекумерното потење (кога не се присутни горенаведените услови) претставува пореметување кое се нарекува хиперхидроза.

SweatWorkout

Обично се забележува кај луѓето со прекумерна тежина, кои се релативно слабо физички активни. Сепак, оваа состојба може да се третира со соодветни лекови и одредени промени во начинот на живот, како што се намалено конзумирање на алкохолни пијалоци и кафе, откажување од пушење, како и редуцирање на телесната тежина.

Поддржете ја нашата работа: