Зошто здравите луѓе имаат срцев удар?

Човекот е секојдневно изложен на различни влијанија кои го доведуваат во опасност неговото срце. Треба да се нагласи дека сите мозочни срцеви удари потенцијално можат да се спречат. Клучот лежи во правилно идентификување и лекување на основните причини за кардиоваскуларни болести (КВБ).

Ова вклучува создавање на широко достапни, ефтини тестови кои можат веродостојно да ги идентификуваат раните знаци на кардиоваскуларни болести, пред да се претворат во тивок убиец.

За жал, многу луѓе се’ уште не се сигурни што ги предизвикува срцевите болести. На пример, спротивно на популарното разбирање, повеќето срцеви удари не се поради блокирани артерии (бајпаси и стентови). Наместо тоа, она што е од клучно значење е воспалението на артериските ѕидови.

Ова воспаление може да ја  естабилизира артериската обвивка, предизвикува таа да пукне, да се разлее низ крвните садови и да создаде тромб. Поради тоа, досегашната стандардна нега, кој во голема мера се занимава со блокади, мора да се фокусира  на откривање на тивката асимптоматска обвивка и воспаление.

Работи кои можат да сигнализираат присуство или поголема веројатноста за појава на срцеви заболувања, но кои исто така, често се игнорирани се:

1. Генетска предиспозиција

Повеќе од 50% од популацијата има една или повеќе генски варијанти кои драстично го зголмуваат ризикот од срцеви напади и удари. Згора на тоа, семејната историја може да биде индикатор за ризикот од срцев удар. Затоа, разговарајте со вашиот специјалист за генетско тестирање, особено  за 9P21, ApoE, KIF6 и IL-1 генотип тестови. Можете да ги избегнете срцевите заболувања дурии ако имате генетски предиспозиции. Знаејќи ја својата ДНК значи дека можете да го прилагодите вашиот план за лекување.

2. Метаболички синдром

Иако повеќето луѓе никогаш не слушнале за него, метаболичкиот синдром е опасен кластер на абнормалности кои во голема мера ја зголемуваат опасноста од срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес. Меѓутоа, бидејќи синдромот често не предизвикува никакви очигледни симптоми, се провлекува недијагностициран, особено ако не одите на редовно на контрола.

Добрата вест е дека се карактеризира со покачена тежина, висок крвен притисок, низок ХДЛ холестерол, високи триглицериди како и висок шеќер во крвта на гладно. Ако имате три или повеќе од овие пет знаци, значи дека имате метаболички синдром.

3. Обвивка/наслаги

Обвивката во артериите често се нарекува „криптонит“. Може да го урне дури и Супермен. Еден многу ефикасен тест за наоѓање на криптонит во артериите е „Carotid intima-media thickness“(cIMT) тестот, со што директно се испитува артерискиот ѕид. Безболен и неинвазивен, а може да се користи за да дознаете колку ви се „стари” артериите. Во внатрешноста на телото на здрав 40 годишен човек, артериите можат да бидат две или три децении постари!

4. Отпорност на инсулин

Ова е една од главните причини за васкуларни блокади и хронично воспаление, „оган” во артериите кој потикнува кардиоваскуларни настани.

Бидете сигурни дека вашиот лекар ве тестира за орална толеранција на гликоза, златен стандард на тестирање на шеќер во крвта. Важно е да знаете дека може да имате нормално ниво на шеќер и се’ уште да имате отпорност на инсулин.

4. Обемот на половината

Ова едноставно мерење, кое често се занемарува, е поточен индикатор за срцев и мозочен удар ризик од индексот на вашата тежина или телесна маса (БМИ).

Можете да го проверите вашиот обемот на половината со завиткување на лента за мерење околу врвот на вашите карлични коски.

Постојат етнички разлики во толкувањето на резултатите. Ризичен обем е 89 см за жените и над 100 см за мажите белци, афроамериканците и латино.

Сепак, за Азијците, ризичен обем е 78 см за жените и 89 см за мажите.

Раното дијагностицирање се’ уште е проблем, особено кога станува збор за болести на срцето. Препорачливо е да одите на лекар вооружени со информации за тестовите кои ги сакате и зошто.

Информираноста е клучот за здрав живот. Никогаш не е доцна да се оптимизира вашата нега и да преземете контрола врз здравјето на вашето срце, без разлика дали постојат видливи симптоми или не.

Поддржете ја нашата работа: