1. Постои еден вид кенгур што живее на дрво
Познат и како Мачиев кенгур, овој загрозен вид кенгури живее само во дождовните шуми на Папуа, Папуа Нова Гвинеја и Австралија. Живее во планинските предели на шумите на височина и до 3.350 метри. Овие кенгури не се потат. Тие ги лижат подлактиците што им овозможува да се ладат преку испарувањата. Мачиевиот кенгур може да скокне и од 18 метри на земја без да се повреди. (извор)
2. „Ѓаволски црви“
„Ѓаволските црви“ се еден нов вид на цевчести црви. Тие се откриени во еден рудник за злато на длабочина од 3,5 километри. Досега научниците веруваа дека на оваа длабочина живеат само микроорганизми. Анализите покажале дека овие организми се стари помеѓу 3.000 и 12.000 години. Тие можат да издржат огромни температури и притисок. (извор)
3. Морски анемони кои личат на цвеќе
Ова се морски животни кои изгледаат како цвеќе и се хранат со мали риби и ракчиња. Во сродство се со коралите, медузите и хидрите. (извор)
4. Птиците и цицачите ги избегнуваат далноводите бидејќи се плашат од ултравиолетовите трепкави светла кои тие ги гледаат, а се невидливи за човекот. (извор)
5. Крикот на Синиот кит е најгласниот звук што го прави некое животно. Овој звук може да се чуе на оддалеченост и од 800 метри.
Сините китови редовно комуницират преку звуци. Овој звук подобро патува низ вода отколку низ воздух. Нуркачите изјавуваат дека овој звук повеќе се „чувствува“ отколку што се слуша. Татнежот од ниските тонови бил забележен на оддалеченост од 1,5 километри со јачина од 188 децибели. (извор)
6. Кивиите се најмалите ноевки. Сепак, женката киви несе најголеми јајца во споредба со својата големина.
Големината на јајцето изнесува просечно 15 % од големината на телото на женката.За споредба , јајцето на нојот изнесува 2% од големината на неговото тело.Тие се исто така и единствените птици кои имаат ноздри на врвот од долгиот клун. (извор)
7. Мамутите оделе по земјата додека се градела Големата пирамида во Египет.
Островот Брангел во Арктичкиот океан бил живеалиште на околу 500 до 1000 волнести мамути помеѓу 2500 и 2000 година п.н.е. Најстарата пирамида во Гиза – Големата пирамида била завршена околу 2560 година п.н.е. (извор)
8. Октоподот со сини прстени е еден од најотровните морски животни
Отровот од ова мало животно може да усмрти 26 возрасни луѓе за една минута. Против отров не постои, па затоа овој октопод е еден од најсмртононите морски животни (извор)
9. Остригите ја прочистуваат водата
Една возрасна острига (школка) може да прочисти и до околу 200 литри вода. (извор)
10. Туканот го користи својот голем клун како терморегулатор
Туканите се познати по своите големи и интензивно обоени клунови. Клунот е мек и не е ефикасно оружје против грабливци. Туканот го користи клунот за теморегулација. Артериите кои се наоѓаат во клунот се шират кога на птицата и е топло. На тој начин се ослободува топлина и телото на птицата се лади. (извор)