Без некој посебен редослед ви претставуваме 13 извонредно интересни научни факти, кои можеби досега не сте ги сретнале.
1. Водата може да врие и да мрзне во исто време

Ова се нарекува „тројна точка“. Во термодинамиката тројната точка на една супстанција е температурата и притисокот во кој трите фази (гасовита, течна и цврста) на таа супстанција коегзистираат во термодинамичка рамнотежа. Во видеото е прикажан циклохексан во вакуум.
2. Ласерот може да се „зароби“ во водопад

Ова претставува извонреден пример за тотална внатрешна рефлексија и воедно покажува како функционираат оптичките кабли кога го водат протокот на светлина.
3. Вселенските летала што се упатени кон границите на нашиот Сончев систем летаат многу, многу брзо

Сите знаеме дека ракетите се брзи, но и дека вселената е огромна, но понекогш кога зборуваме колку време е потребно за да се стигне до далечните делови на Сончевиот систем (осум месеци до Марс), се добива впечаток дека нашите вселенски летала како да се „влечкаат“ по патот.
Овој „gif“ покажува колу е тоа погрешно, преку споредба на брзината на сондата „Нови Хоризонти“ што прелета покрај Плутон минатата година, со 747 и SR-71 Blackbird.
4. Јајце под вода изгледа како чудна медуза
Ако се скрши јајце на 18 метри под површината на водата во океан, притисокот врз јајцето ќе биде 2,8 пати поголем од атмосферскиот и ќе го држи јајцето цело како невидлив оклоп.
5. Може да ја докажете Питагорината теорема со течност
Питагорината теорема a2 + b2 = c2 , практично може да се докаже и со течност.
6. Еве што се случува кога црна дупка ќе проголта ѕвезда

Кога некоја ѕвезда ќе биде вовлечена во црна дупка доаѓа да исфрлање на млаз од плазма кој се протега стотици светлосни години. „Кога некоја ѕвезда ќе биде раскината од гравитационите сили на црната дупка, еден дел од остатоците од ѕвездата ќе паднат во црната дупка, додека остатокот се исфрла надвор со огромна брзина“- објаснува Суви Гезари, истражувач од Универзитетот Џон Хопкинс. Може да гледате и без наочари
7. Може да гледате и без наочари
Според „MinutePhysics“, се што треба да направите е со раката да направите мал отвор кој ќе ви помогне да ја фокусирате светлината на ретината. Се разбира со ова не добивате остар вид, но може да послужи ако сте ги заборавиле наочарите дома.
8. Еве како се формира човековото лице во утробата

Ембрионалниот развој е неверојатно сложен процес кој научниците допрва почнуваат да го сфаќаат. Но, научниците успеале да откријат како се развива ембрионот за да ги создаде структурите од човечкото лице во утробата. Прекрасно!
9. „Пукањето“ на прстите не е опасно
Еден истражувач ги „пукал“ прстите на едната рака 60 години, но не и на другата рака и не открил забележителни разлики во износот на артритис меѓу едната и другата рака на крајот на експериментот.
Погледнете повеќе во видеото на „Vox“.
10. Еден сончев блесок може да ослободи енергија што е еднаква на енергијата од милиони 100 мегатонски атомски бомби

И тие се случуваат постојано!
11. Мачките секогаш паѓаат на нозе, благодарение на физиката

Како што демонстрира „Smarter Every Day“ на оваа извонредна успорена снимка, мачките фактички ги користат двете половини од телото различно за да овозможат брза ротација.
Погледнете го целото видео подолу.
12. Поголеми се шансите да преживеете експлозија од бомба на копно, отколку под вода

Овие балони покажуваат што ќе се случи со вашите бели дробови ако експлодира бомба во ваша близина под вода. (енаука.мк)
13. Ако ја завртите топката додека ја фрлате, таа ќе лета

Ова се случува благодарение на Магнусовиот ефект. Но ова многу подобро од нас ќе ви го објасни „Veritasium“.
































