1. Гравитационите бранови се реални. Повеќе од 100 години откако ги предвидел Ајнштајн, научниците конечно годинава ги детектираа овие тешко забележливи бранувања во вселената. Сега вкупно имаме забележано три гравитациони настани.
2. Мрзливецот речиси умира секогаш додека го исфрла изметот од својот организам, и тоа изгледа измачувачки.
3. Возможно е да живеете и повеќе од една година без срце во вашето тело.
4. Исто така возможно е да живеете нормален живот без 90% од вашиот мозок.
5. Чудни метални звуци се слушаат од Маријанскиот ров, најдлабоката точка на површината од Земјата. Научниците мислат дека бучавата е некој нов вид на китовски повик.
6. Револуционерниот нов тип на машина за нуклеарна фузија, испробан во Германија и Кина навистина работи, и може да биде клучот до чиста неограничена енергија.
7. Постои планета, слична на Земјата, која е оддалечена само 4,2 светлосни години од ѕвездениот систем Алфа Кентаур, а научниците веќе планираат мисија за нејзина посета.
8. Земјата има уште една „мини“ месечина која орбитира околу Земјата, позната како „квази сателит“. Нејзиното име е „2016 HO3“.
9. Можно е да постои деветта планета во нашиот Сончев систем (не, Плутон не се брои).
10. Првиот писмен запис кој ги докажува законите за триење се криел во “ирелевантните чкртаници” на Леонардо да Винчи во последните 500 години.
11. Зика вирусот е сексуално пренослив и може да предизвика микроцефалија кај бебињата.
12. Враните имаат застрашувачки големи уши.
13. Најголемиот примарен број е 274,207,281– 1, односно невозможни 22 милиони цифри во должина. Тој е за речиси 5 милиони цифри подолг од вториот по големина примарен број.
14. Северниот пол полека се движи накај Лондон, поради менувањето на содржината на водата на планетата.
15. Земјата изгуби доволно мраз оваа година, за да ја покрие целата копнена маса на Индија.
16. Вештачката интелигенција може да ги победи луѓето во древната кинеска игра Го, покрај шах.
17. Тардиградите, односно „Водените мечки“, се речиси неуништливи бидејќи поседуваат вграден механизам за заштита на својата ДНК од оштетување. Овие минијатурни суштества можат да преживеат замрзнати со децении, да се регенерираат од тотално пресушување и дури можат да ја преживеат суровата радијација во вселената.
18. Постојат две течни состојби на водата.
19. Постојат крушковидни атомски јадра кои прават патувањето низ времето да изгледа невозможно.
20. Некои диносауруси имале величествени пердувести опашки.
21. Една третина од луѓето кои живеат на Земјата веќе не можат да го видат Млечниот пат.
22. Постои огромно, 1.5 милијарди кубни метри големо поле, исполнето со вредниот хелиумски гас во Танзинија.
23. “Невозможниот“ ЕМ Мотор е погонски систем кој едноставно не се откажува. НАСА вели дека тој навистина успева да придвижува, но тие се’ уште не знаат како. Изгледа дека оваа мистерија ќе ја зачуваме за 2017-та година.