Еве неколку факти за крвта што веројатно ви се помалку познати:
- Осум проценти од тежината на телото отпаѓа на крвта. Научниците утврдиле дека волуменот на крвта во телото зафаќа осум проценти од вкупната тежина на телото. Човек со просечна тежина од 70 до 80 кг, има од 4,7 до 5,5 литри крв. Од друга страна, во телото на дете со просечна тежина од околу 36 кг. има половина од крвта на возрасен човек.
- Во телото има околу 0,2 милиграми злато, од кое поголемиот дел се наоѓа во крвта.
- Водата од кокос може во итни случаи да послужи како замена за крв. Се смета дека водата од кокос може да послужи како течност за рехидратација, поради електролитите што ги содржи. Се верува дека може да се користи како замена за крвната плазма (во итни случаи), поради фактот дека ги содржи истите елементи како и крвната плазма и бидејќи може безбедно да се инјектира директно во крвотокот. Една студија од 1999 година објавена во „The American Journal of Emergency Medicine“, покажува дека водата од кокос послужила како течност за интравенска хидратација кај пациент од Соломонските острови, кога ништо друго не било достапно.
- Бремените жени имаат околу 50% повеќе крв до 20-та недела од бременоста, отколку пред забременувањето. Во текот на бременоста волуменот на крвта кај жената се зголемува за 50% за да овозможи подршка на матката, со тоа се зголемува и количеството на крв што се пумпа од срцето. Ова зголемено количество на крв е потребно за да се обезбеди крв за матката и плацентата. До крајот на бременоста, матката кај жената прима една петина од крвта што ја добивала пред бременоста.
- Крвната група има влијание врз проблемите со меморијата. Според едно истражување од 2014 година објавено во „Neurology“, луѓето со крвна група АБ имаат два пати поголеми шанси да доживеат проблеми со меморијата, отколку тие со крвна група О. Сепак, истакнуваат истражувачите, нема место за голема загриженост, бидејќи поврзаноста била релативно мала и потребни се дополнителни истражувања. Луѓето со оваа крвна група, исто така се повеќе склони кон згрутчувања на крвта кои водат до срцев и мозочен удар и венски тромбози, поради поголемото ниво на протеинот(факторот) VIII.
Еве и два интересни случаи поврзани со крвта:
Џејмс Харисон, познат и како „човекот со златната рака“, благодарение на необичниот состав на негова крв, спасил преку два милиони бебиња. Имено, неговата крв содржи Rho(D) имуноглобулин, антитело што се користи за лекување на Резус болеста – состојба кога антителата на (Rh-негатив) бремената мајка ги уништуваат крвните клетки на (Rh-позитив) бебето. Тој донирал крв рекордни 1.000 пати.
Џим Бејкер, страствен навивач на еден професионален тим на американскиот фудбал, цели 56 години донирал крв за да си купи билет за натпреварите, а тоа според докторите му го спасило животот. Неговиот доктор му соопштил дека овие редовни донирања на крв ги намалиле ефектите од недијагностицираната хемохроматоза од која болувал Бејкер, а од која починал и неговиот татко. Хемхроматозата е генетско пореметување при кое се апсорбира преголемо количество на железо во цревата, што води до токсично таложење на железото во органите. Третман за хемохроматозата е редовно вадење на крв, или една единица крв неделно, додека нивото на железо не се врати во нормала.