5 видови на храна кои го намалуваат ризикот од смрт

Без да навлагаме во тоа дали постои магична храна или начин на исхрана, издвоивме 5 видови на храна за кои научниците и докторите од целиот свет извршиле истражувања и заклучиле дека го намалуваат ризикот од смрт. Можеби нема да го претворите „пивскиот“ стомак во коцкици за една недела, ама ќе живеете подолго.

 

 

 

 

 

 

 

Овошје и зеленчук

Повеќето нутриционисти се согласуваат дека, во секој оброк, половина од нашата чинија треба да се пополни со нешто зелено. Една неодамнешна студија објавена во „Journal of Epidemiology & Community Health“ покажува дека луѓето кои јадат седум или повеќе порции овошје и зеленчук дневно може да го намалат ризикот од смрт на половина.

Истражувачки тим од Универзитетот во Ливерпул анализирал скоро 4.400 луѓе во Велика Британија, кои во просек конзумирале помалку од четири порции овошје и зеленчук на ден пред завршувањето на анкетата. Испитаниците кои јаделе најмалку седум пати на дневна основа го намалиле ризикот од смрт од сите причини, вклучително срцев удар, мозочен удар и рак, за 42%. Дури и 2-3 дневни порции на здрави производи може да ја намалат смртноста за 19%. Па, што е тоа во овошјето и зеленчукот што ги прави толку здрави? Тоа не доведува до следната точка: влакната се многу добри за нас.

Храна богата со прехранбени влакна

Влакната се наоѓаат во различни групи на храна, вклучувајќи овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки. Сепак, само осум проценти од возрасните во САД се на препорачаната дневна количина на прехрамбени влакна од цели зрна. За да покажат колку се важни прехранбените влакна, истражувачите од одделенијата за епидемиологија и исхрана во Харвард Школата за јавно здравство спровеле истражување кое открива дека кај оние кои јадат препорачана количина на прехранбени влакна ризикот за смрт од срцев удар се намалил за 25 %. Најдобриот дел е дека смеете да јадете житарици, тие се богати со прехранбени влакна.

Една слична студија спроведена исто така од Харвард, открила дека конзумирањето здрава количина на житни влакна може да го намали ризикот од смртност од рак за 15% и дијабетес за 34%.

Јаткасти плодови/ мешунки

Според Американската асоцијација за срце, јаткастите плодови се исклучително корисни. Бадемите, лешниците, ф’стаците, индиските ореви, итн, често се сметаат за скапи и тешко достапни. Од друга страна, кикириките, кои всушност се мешунки, бидејќи растат во грмушки, се релативно евтини и може да се најдат речиси насекаде.

Една неодамнешна студија објавена во „ЈАМА internal medicine“ открива дека луѓето кои консумираат јаткасти плодови или мешунки често имаат севкупен помал ризик за смрт. Како и за секоја друга храна, умереноста е најдобра кога станува збор за количината. Бидејќи содржат 80% маснотии (здрави масти), се препорачуваат четири порции несолени и немрсни јаткасти плодови неделно.

Храна богата со калиум

Можеби сте чуле за девојката која тврди дека е здрава и во одлична форма со јадење околу 51 банана на ден? Додека голем број на здравствени работници не би ви препорачале да ја фокусирате вашата исхрана само на една група продукти, оваа самопрогласена „гуру за исхрана” е во право што се однесува на калиумот.

Храната која е богата со калиум, вклучувајќи ги бананите, слатките компири, спанаќот, авокадото и пинто гравот, игра суштинска улога во регулирањето на нашите електролити, нервната функција, мускулната контрола, како и крвниот притисок. Според една студија спроведена во име на Американската асоцијација за срце, жените во менопауза кои јадат поголеми количини на храна богата со калиум го намалиле ризикот од исхемичен мозочен удар или смрт за 16%. Кога жената ќе влезе во менопауза, ризикот за мозочен удар е речиси двојно поголем во следните 10 години.

Чај

Кога станува збор за будењето наутро, повеќето луѓе одбираат кафе наместо чај, поради богатството на кофеин. Доколку сакате да останете концентрирани за време на долгиот ден во канцеларија, а притоа да станете еуфорични од кофеин, чаша топол чај е опцијата за вас. Истражувањето претставено на Конгресот на Европското здружение на кардиолози во Барселона, Шпанија во 2014 г. покажа дека пиењето барем една чаша чај дневно може да го намали ризикот на лицето за предвремена смрт за 24%, дури и за поранешни пушачи.

Најдобриот дел е што можете да го изберете кој било чај. Зелен, црн, брусница, камилица – сите видови на чај се преполни со антиоксиданси, молекули кои се наоѓаат во одредени видови на храна за да ја спречат штетата предизвикана од слободните радикали и полифеноли. Исклучително се корисни како превенција од дегенеративни болести.

Поддржете ја нашата работа: