Зошто музиката не прави емотивни?

Сигурно некогаш некоја песна ве трогнала до солзи или ви измамила насмевка на лицето. Не е потребно никакво музичко образование за емотивно да реагираме на музиката, што сугерира дека таа реакција е вроден дел од човековата природа. Иако е јасно дека музиката може да предизвика силни емоции кај слушателите, научниците се’ уште не знаат како тоа се постигнува само со еден сет на звуци.

За подобро да го разберат ова, научниците од Универзитетот МекМастер во Канада анализирале некои од најсаканите дела на реномираните европски композитори Фредерик Шопен и Јохан Себастијан Бах. Конкретно, тие анализирале 48 дела на Бах и 24 на Шопен и откриле дека композиторите постојано ги користеле истите знаци за изразување на емоции кои се користат и во говорот. На пример, кога сме среќни зборуваме побрзо и со повисок глас, отколку кога сме тажни. Истите овие модели биле забележани и во музичките партитури со среќни и тажни делови, односно побрзи и повисоки, наспроти побавни и пониски тонови.

Претходните истражувања за сличностите помеѓу музиката и јазикот покажале дека кога музичарите свират, нивниот мозок покажува активност во областите што обично се активираат кога зборуваме. Исто така, лингвистите посочуваат дека певливиот говор кој го користиме кога зборуваме со деца се заснова на музички карактеристики за да се воспостави комуникација со основните емоции.

Иако научниците во случајов анализирале класични дела, тие веруваат дека истото важи и за модерната поп музика и ќе продолжи да важи за музиката во годините што доаѓаат.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt