Храна за пренаселената планета

Научници од целиот свет  развиваат нови видови на ориз кои бараат помалку вода, ѓубрива и пестициди и кои може да се одгледуваат на помалку продуктивна почва. Со комплетна ДНК секвенца, научниците сега може да се обидат да најдат гени кои ги контролираат посакуваните  особини и да ги  размножуваат во нови видови на ориз побрзо отколку порано.

Целите се насочени кон африканскиот ориз и дивите домати (Solanum pennellii). Африканскиот ориз е тежок за процесирање, а дивите домати се отровни, па затоа досега се во сенка.

Но, експертите велат дека имаат други доблести.  Егзистираат во поладни средини што претставува се повеќе важна карактеристика, со оглед на промените во глобалната клима.

Африканскиот ориз подобро се справува со суша, сиромашна почва и плевел за разлика од Азискиот ориз.

Слична е ситуацијата со дивиот домат. Ова  јужноамериканско растение може подобро да толерира суви услови и солени почви отколку конвенционалните домати.

Постојат разлики помеѓу дивите и конвенционалните домати во гените за вкус и арома.

Геномот на податоци, исто така, ќе помогне да се осигура новите сорти кои потекнуваат од дивите домати да не носат дел од отровните гени.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt