Премногу алги можат да ја инфицираат водата

Толедо се снабдува вода од езерото Ири, кој е извор на свежа вода за 11 милиони луѓе во американскиот Среден Запад.

Всушност, алгите се глобален проблем. Го осиромашуваат кислородот во водата и ги убиваат рибите, вели Лаура Џонсон, истражувачки научник во Националниот центар за квалитет на водата во Хајделберг, на Универзитетот во Tифин, Охајо.

Одредени алги содржат цијанобактери. Концентрацијата на фосфор (посебно на пролет), е штетна и мора да се вложи во нови стратегии на аплицирање, за да не дојде во контакт со водата. Токсините можат да го оштетат  црниот дроб и нервниот систем. Глобалното затоплување ја влошува ситуацијата. Променливите временски услови (ветровите и бурите), ги разнесуваат хранливите материи и ги потхрануваат алгите.

Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) го следи цутот на алгите од вселената и користи сателитски податоци за  да се процени нивната концентрација. Не можат да кажат дали се токсични, но имаат податоци за локацијата и количината.

Долгорочната цел е да се задржат хранливите материи подалеку од алгите  и да се зачува  квалитетот на водата.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt