Следниот месец Кина ќе уредува човечка ДНК за прв пат

Следниот месец, кинеските истражувачи ќе променат човечка ДНК со помош на револуционерната алатка „CRISPR/Cas-9“, попозната како „CRISPR“, за прв пат во светот.

Оваа техника им овозможува на истражувачите ефикасно да отстрануваат и да додаваат ДНК во клетките, а кај животните веќе се покажа како успешна во третирањето на генетски болести како што е Душеновата мускулна дистрофија.  

Истражувачите ќе се обидат да ја отстранат дефектната ДНК од клетките на пациенти болни од рак на белите дробови кои не реагираат на никакви други конвенционални третмани (хемотерапија и радиотерапија). Доколку успеат, ова би овозможило развој на понатамошни третмани со оваа техника.

Во минатото, научниците особено ги истакнуваа етичките проблеми за употребата на оваа техника, бидејќи е способна да предизвика генетски промени на спермата и јајце клетките, кои може да се пренесуваат и на идните генерации.

Покрај тоа, постои загриженост и дека ќе доведе до создавање на т.н. дизајнирани бебиња – каде што родителите ќе одбираат кои карактеристики да бидат запишани во ДНК-та на нивното дете.

Затоа важно е да се напомене дека ова тестирање на Кинезите ќе ги вклучува само клетките на имунолошкиот систем, односно истражувачите ќе ги уредуваат само Т-клетките, а не гаметите кои може да се пренесат на потомството. Промените кои ќе бидат направени со помош на „CRISPR“ ќе бидат ограничени само на пациентите вклучени во тестирањето, чија бројка се’ уште не е позната.

Но, познато е како ќе се одвива целиот процес – Најпрво научниците ќе ги екстрахираат Т-клетките од крвта на пациентите и ќе избришат еден ген кој е одговорен за производството на протеинот „PD-1“, кој ги спречува Т-клетките да ги таргетираат и убијат клетките на ракот во нивната ДНК. Потоа, научниците ќе ги размножат овие модифицирани Т-клетки во лабораторија и ќе ги инјектираат назад во пациентот. Нивната хипотеза е дека на тој начин Т-клетките ќе можат природно да ги пронајдат и отстранат клетките на ракот.

Додека „CRISPR“ исто така е способен да внесе нова ДНК во геномот на клетката, во ова тестирање генетските информации ќе бидат само избришани, и нема да се додава ништо друго. Овој процес е всушност многу сличен на имунотерапијата која веќе се употребува низ целиот свет (се земаат имунолошките клетки, се модифицираат и се враќаат назад во пациентот).

Минатиот месец, Националниот институт за здравје на САД одобри слично тестирање во САД, но при тоа ќе се додаде еден дополнителен ген за да се бори против три вида на рак – меланом, сарком и миелом.

Со нетрпение ги очекуваме резултатите.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.