Алберт Ајнштајн за денешните случувања

Кога ќе го прочитате текстот што Алберт Ајнштајн го напишал уште пред 70 години сигурно ќе се зачудите како е возможно ништо да не се променило сите овие години и истиот даги одсликува перфектно и денешните состојби .

Извадок од текстот што Алберт Ајнштајн го поднесол за објавување во Мај 1949 година:

Приватниот капитал има тенденција да остане концентриран во неколку раце, делумно поради конкуренцијата меѓу капиталистите, а делумно поради технолошкиот развој и зголемување на поделбата на трудот која поттикнува формирање на поголеми единици на производство на сметка на помалите.

Резултат на овие случувања е олигархија со огромен приватен капитал и моќ која не може ефективно да се контролира дури и од страна на најдемократски организирано политичко општество.

Ова е точно, бидејќи членовите на законодавните тела кој се избрани од страна на политичките партии, во голема мера се директно финансирани или се под друг тип влијание од страна на приватните капиталисти кои за нивни практични цели го одделуваат електоратот од законодавната власт.Како последица на ова се претставници на народот кој  всушност недоволно ги штитат интересите на непривилегираните слоеви на населението.

Покрај тоа, во постоечките услови, приватните капиталисти неизбежно контролираат се, директно или индиректно при што можеби најбитна е контролата врз главните извори на информации (печатот, радиото, образованието).

Поради ова е исклучително тешко, и тоа е во повеќето случаи сосема невозможно, за да поединецот граѓанин дојде до објективни заклучоци и да се направи интелигентна употреба на своите политички права.

Производството е водено од профит, а не од применливоста и употребливоста.

Не постои одредба дека сите оние кои се способни и подготвени да работат секогаш ќе бидат во позиција да најдат вработување; “армија на невработени” речиси секогаш постои. Работникот е во постојан страв од губење на својата работа.  Бидејќи невработените и слабо платени работници не обезбедуваат профитабилен пазар, производството на стоки за потрошувачите се намалува доведувајќи ги луѓето во големи тешкотии.

Технолошкиот прогрес често резултира со поголема невработеност отколку во олеснување на товарот на работа за сите. Мотивот за профит, во спрега со конкуренцијата меѓу капиталистите, е одговорен за нестабилноста во акумулацијата и искористувањето на капиталот што доведува до повеќе тешки депресии. Неограничена конкуренција помеѓу капиталистите предизвикува огромни загуби кај работна сила, како и осакатување на општествената свест на поединецот за која споменав и порано.

Ова осакатување на поединецот го сметам за најголемото зло на капитализмот. Целиот наш образовен систем страда од ова зло. Претерани натпреварувачки ставови се инкорпорираат во студентот, кој се обучува да го обожува успехот базиран на алчност како подготовка за неговата понатамошна кариера.

Автор: Алберт Ајнштајн

Со овој текст ЕНаука.мк им го честита 1 Мај на сите граѓани на Република Македонија и им посакува подобра иднина и просперитет.

Поддржете ја нашата работа: