Антарктикот обезбедува совршени услови за подготовка за патувањето на Марс

Патувањето до Црвената планета започнува многу понапред од самото полетување. Патувањето на НАСА до Марс вклучува подготовка на астронаутите да се справат со неколку месеци на изолација, затвореност и екстремна животна средина (идентификувана со акронимот МРАЗ). Еден од најдобрите начини за да се проучи ова на Земјата е да се набљудуваат други астронаути кои исто така поминуваат неколку месеци на вистински мраз во Антарктикот.

НАСА и Националната фондација за наука „NSF“, која управува со програмата на САД за Антарктикот, имаат нов договор за соработка, за да ги проучат ефектите од живеењето во поларна средина.

Во оваа првична соработка, истражувањето развиено и предводено од д-р Кендис Алфано, клинички психолог и вонреден професор на универзитетот во Хјустон, ќе ги анализира луѓето кои ќе работат во Антарктикот подолг период на време.

Понекогаш наречен „Белиот Марс“, Антарктикот е совршен, бидејќи не може да се избега од мразот. Тоа важи и доколку имате некаков проблем со здравјето или пак личен проблем, не може да одите никаде. „Ова е многу слично со летањето во вселената – го менува вашиот начин на размислување за тоа како ќе реагирате кога знаете дека не може да си заминете од местото“- вели Лиса Спенс, проект менаџер за аналозите за летови на НАСА во Програмата за човековото истражување.

2-antarcticapr

Колку само екстремна е екстремната животна средина на Антарктикот во Јужниот Пол?

Не само што 98 проценти од континентот е покриен со мраз, туку исто така има и екстремни ветрови и просечна температура од минус 49 до 26 степени, што го прави најстуденото место на Земјата. На Јужниот Пол, Сонцето исчезнува на период од неколку месеци, познато како „Поларна ноќ“, заоѓа зад хоризонтот кон крајот на април, и не се појавува повторно до средината на септември.

Астонаутот на НАСА Кристина Хемкок Кох има поминато многу сезони во различни станици на Антарктикот и Арктикот, помагајќи им на научниците да спроведуваат истражување од далечина, како и една година на Јужниот Пол. „Ова значи дека нема да го видите Сонцето со месеци, ќе бидете со истиот екипаж и без пратки на пошта или свежа храна. Самата изолација, отсуството на фамилијата и пријателите и недостатокот на новите сензорни инпути, се услови за кои мора да пронајдете стратегија за да може да се справите“ – изјавува таа.

Овие фактори се комбинираат за да создадат погодна атмосфера за истражувањето на НАСА, „NSF“ и универзитетот во Хјустон. Предвидено е да се започне во февруари 2017 година, и ова истражување ќе вклучува 110 волонтери лоцирани на станицита „ McMurdo“ и станицата во Јужниот Пол.

„ McMurdo“ е крајбрежна станица со популација од 250 луѓе за време на зимата и летото на северната хемисфера. Евакуацијата, иако би била тешка, сепак е возможна. Спротивно на тоа, Јужниот Пол е далеку во внатрешноста на континентот и може да има температури од минус 100 степени. Евакуацијата едноставно не е возможна во зима“ –изјавува д-р Алфано.

mcmurdo_station_sign_fixed

Со проучување на волонтерите од двете станици, истражувачите се надеваат дека подобро ќе можат да ги разберат најголемите извори на стрес. Волонтерите ќе пополнуваат периодични компјутерски прашалници, ќе даваат примерок од плунката и ќе носат монитор кој ќе ги бележи циклусите на сон и јаве. Истражувачите ќе ги користат овие колективни алатки во потрага по знаци за стрес и промена во менталното здравје на волонтерите за време на нивниот престој на Антарктикот.

Истовремено, партнерството на НАСА и „NFS“ ке распореди и клинички персонал на НАСА, со што ќе му се овозможи на медицинскиот песонал на НАСА уникатна шанса за лекување на поединци во екстремни услови. Хирурзите кои ќе учествуваат, ќе бидат на ротација за време на летниот или зимскиот престој. Дозволувањето на овие доктори да работат во Антарктичката животна средина ќе им даде дополнителна обука за кога ќе се консултираат со астонаутите за време на идните долги патувања и длабоки вселнски мисии, вклучувајќи го и патувањето на Марс.

Сепак додека НАСА се подготвува за идните човекови мисии на Марс, врвен приоритет е безбедноста на астронаутите. Најјужниот континент на Земјата ќе ги обезбеди истражувачите со совршениот аналог за проучување на ефектите во однесувањето и здравјето во екстремна животна средина.

Поддржете ја нашата работа: