Наодите велат дека астронаутите имаат пореметување на сонот, недели претходно и за време на летот во вселената.
Д-р Лаура К. Баргер, асоцијативен психолог и лидер на истражувањето, вели дека недостатокот на сон е многу честа појава меѓу членовите на екипажот.
Врз основа на примерок од 85 астронаути 4000 часа поминати на Земјата и 4200 во вселената, заклучено е дека тие спијат едвај 6,5 часа во денот. Изјавиле дека во просек, секоја втора ноќ, земаат пилули за спиење.
Баргер вели : „ Употребата на пилули за спиење е загрижувачка и може да влијае на перформансата на екипажот. Под дејство на пилулите, будењето може да биде отежнато. Потребни се мерки за подобрување на квалитетот на сонот за време на вселенските летови, без притоа да се наштети на ефикасноста.