Дали децата ни се презаштитени и разгалени?

Иако голем број на деца истовремено се разгалени и презаштитени, помеѓу овие два синдроми постои голема разлика.

Ќе се обидеме да илустрираме типично однесување на четири годишно дете кое со својата мајка е во парк. Разгаленото дете весело бега од мајка му која трча по него, викајќи му да застане, а детето се повеќе се одалечува и ги игнорира повиците.  Презаштитеното дете, од друга страна не се двои од мајката. Постојано проверува  каде е и ретко се одалечува повеќе од три метра. Веќе на оваа возраст  децата покажуваат однесување кое во текот на растењето ќе им создава проблеми.

Разгалено дете е она кое добива љубов, но не и дисциплина. Неговите родители не успеале да го подредат. Детето одбива да престане да го прави она што му е пријатно, бидејќи тоа се бара од страна на родителите. Наместо да се потчинува на волјата на неговите родители, ефикасно ја наметнува својата волја на неговите родители и  делува како вистински „лидер на чопорот“ во семејството. Поради љубовта што ја добива, детето се чувствува сигурно, свесно за сопствената вредност и не постои страв од светот.

Но, таквото дете нема да научи да ги поднесе фрустрациите на неговите желби, да стекне навики на лична хигиена, ред и учење. Ќе има проблеми со емпатија и ќе сака сите да му угодуваат како неговите родители.

Родителот кој е во постојан страв дека нешто лошо ќе се случи со детето е опседнат со тоа како да го заштити од сите видови на опасности и ризици. Тој не го учи детето само да се чува, тој постојано е околу него. Со тоа, му испраќа две лоши пораки: дека е мало и немоќно, и дека овој свет е многу опасно место. Резултатот е „научена  беспомошност” кај детето и барање на постојана симбиоза со родител или некој друг авторитет.  Презаштитеното дете нема начин како да научи да биде независно, така што кога ќе порасне, ќе функционира како исплашена „пасивно-зависна” личност.

Само детето кое од родителите добива љубов и дисциплина, може правилно да се развие во самостојно и социјализирано суштество. Попустливото воспитување им дава на децата љубов, но не и дисциплина. Резултатот се разгалени деца, кои не се подготвени за живот, така што тие имаат големи проблеми да бидат независни и да преземат одговорност. Презаштитничкото, инвазивно воспитување резултира со неспособни и несамостојни личност, зависни од други.

Овие два методи на воспитување се резултат на родителска љубов и најдобри намери. Но намерите не се доволни, потребно е да се сумираат последиците. Ако резултатите не се добри, треба да се смени пристапот.

Текстот е преземен од  zelenaucionica.com

Поддржете ја нашата работа: