Идејата за робо-миленичиња и виртуелни миленичиња можеби и не е толку далечна како што мислиме, вели д-р Жан Лу Рол од Факултетот за ветерина на Универзитетот во Мелбурн, Австралија. Неговата студија објавена во „Frontiers in Veterinary Science“ вели дека миленичињата наскоро ќе станат луксуз во пренаселениот свет и дека иднината можеби лежи во роботите-миленичиња.
„Можеби звучи нереално за нас да имаме роботски миленичиња, но би можело да биде сосема нормално за следната генерација“, вели Лу Рол. „Повеќе не се во прашање векови од сега. Ако до 2050 година на Земјата живеат 10 милијарди луѓе како што се предвидува, тогаш многу поверојатно е сето тоа да се случи побрзо. Веќе има роботски кучиња во Јапонија и нивните сопственици се прилично емоционално поврзани за нив. Земете го Фејсбук за пример, доколку го опишевте на некој пред 20 години, ќе ве сметаа за луди“, објаснува докторот.
Тој го започнал ова истражување откако увидел дека постои голем недостиг на информации за тоа како технологијата може да влијае на нашиот однос со животните во иднина. „Нема голем број на истражувања за роботски миленичиња, но ако пребарате на интернет, ќе пронајдете безброј патенти на такви изуми. Претпоставувам дека во следните 10 до 15 години ќе започне таквиот пазар“.
Но,докторот предупредува дека роботските миленичиња се меч со две острици. Може да се добри за луѓето кои се алергични на домашни миленици, може да се прифатливи во однос на големина, хигиена и сл, но зависноста од робот за друштво покрева многу етички прашања.
„Несоменено, роботите можат да предизвикаат емоции кај луѓето. Но, ако вештачките миленици можат да ни ги пружат истите бенефиции кои ги добиваме од вистинските, дали тоа значи дека емоционалната поврзаност со животните е само „лажна слика“ која потоа им ја пренесуваме на нашите миленици“?, вели докторот.
Тој, како истражувач на животните, е особено заинтересиран за тоа дали зголемувањето на популарноста на еднократните „лажни“ миленичиња (на кои не им е потребно храна, вода, прошетка) ќе го промени начинот на кој луѓето се однесуваат со животните.
Во случајов, се работи само за роботски кучиња, бидејќи на научниците им е полесно да ја имитираат нивната послушност, зависност и друштво, за разлика од мачките кои би требало да ги направат непредвидливи, а тоа е малку потешко.