Дали жените се каат после абортус?

Резултатите од оваа студија се добиени од поголема анализа која всушност се’ уште е во тек, спроведена од страна „ANSIRH“, организација за унапредување на нови стандарди во репродуктивното здравје . „Turnaway“ студијата е сеопфатен поглед во животот на жените кои ненамерно забремениле, посебно со детали за менталното здравје, физичката здравствена состојба и социо-економските последици од абортусот во споредба со носење на несаканата бременост до крајот на терминот.

Во периодот меѓу јануари 2008 и декември 2010 година, речиси 1.000 жени кои посетиле некој од 30 различни објекти за абортус во голем број на земји, биле регрутирани за „Turnaway“ студијата. Било направено големо интервју за време на првата посета, а потоа биле следени и интервјуирани на секои шест месеци во период од пет години. Учесничките биле поделени во три групи: оние кои абортирале во првото тримесечје, оние кои добиле дозвола за абортус еден ден до две недели пред истекот на законскиот рок во зависност од државните закони (мало мнозинство на држави во моментов  има лимит 24-26 недели, повеќето се со рестриктивна граница на 10 недели), и оние кои го пропуштиле рокот и се одбиени – титула „turnaways“.

Мнозинство (95%) од жените изјавиле дека одлуката е правилна во сите временски интервали во текот на три години по абортирањето. Кај жените од Шведска тој процент е 99.

Жените исто така, доживеале намалување на емоционалниот интензитет со текот на времето, односно се намалуваат и негативните и позитивните емоции. Не биле пронајдени разлики во емоционалните траектори кај оние кои порано абортирале во споредба со оние подоцна.

Исто така, наод кој воопшто не изненадува е дека стигмата на абортус во нивната заедница и пониската социјална поддршка потоа, предизвикува повеќе негативни емоции. Повеќе жалење покажале жените кои претходно биле бремени или имале тешкотии со својата одлука во тоа време. Жените кои работат или учат се посигурни и задоволни со нивната одлука, како и оние кои не го вклучиле потенцијалниот татко во процесот на донесување одлуки.

Овие резултати се особено важни во општествената борба за правото на абортус. Политичките и правните аргументи за ограничување на абортусот се базираат на идејата дека жените често се каат за одлуката – тврдење што дури и пред овие најнови наоди е поддржано со малку емпириски докази.

Една четвртина од анкетираните жени изразиле одреден степен на негативност во однос на нивните абортуси, но тие, исто така, ги објаснуваат овие емоции како совршено разумна реакција и не ја поништуваат реалноста дека на абортусот  речиси секогаш се гледа како на вистински избор кој морало да се направи. „Тврдењата дека многу жени се каат, се најверојатно неосновани”, заклучуваат авторите.

Поддржете ја нашата работа: