Данска планира да го забрани јагленот

Данска веќе  презема големи чекори да ја намали употребата на високо загадувачкиот јаглен.Поставени се ветерни турбини за да произведуваат повеќе од половина од целокупната енергија до 2020 година, а 41% од луѓето во Копенхаген возат велосипед  на работа или училиште, дури повеќе и од Амстердам.

Цената на исфрлањето на јагленот од употреба нема да биде значајна. Министерството  ги проучува деталите за функционирање пред да создаде официјален план. Данска увезува околу 6 милиони тони јаглен годишно од светскиот пазар, во моментов од Русија, па забраната случајно ќе ја намали и зависноста за енергија од Москва.

Данската енергетска асоцијација истакна дека брзото отстранување на јаглен ќе донесе одредени  ризици како на пр. тоа дека ветерните турбини можеби нема да можат да ја задоволат побарувачката во деновите кога нема ветер. Во моментов, јагленот создава 1/3 од електричната енергија во државата.

Данска често добива високи оценки за својата работа за намалување на емисиите на стакленички гасови, кои се намалени за 25 проценти од 1990 до 2012, што всушност спаѓа меѓу најекстремниот пад од сите земји во ЕУ. Целта е намалување  за 40 % од 1990 до 2020 година, имајќи го предвид рокот на ЕУ до 2030 година.

Во извештајот на ВВФ се вели  дека Данска е глобален лидер за клима и енергија. Плановите за забрана на фосилните горива треба да бидат насока за сите земји.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, и водечките научници за клима, го претставија извештајот на ОН во Копенхаген во неделата, во кој се истакнати начини за борба против климатските промени, спречување на  повеќе поплави, суши, топлотни бранови, моќни бури и зголемувањето на морињата.

Иако емисиите на стакленички гасови во Данска нагло опаѓаат, сепак, уште се наоѓаат над просекот на Европската унија од 8,98 тони јаглен по жител.

Поддржете ја нашата работа: