Џиновската панда повеќе не е загрозен вид

Џиновската панда официјално повеќе не спаѓа во загрозените видови на животни. Официјалните претставници објавија дека овој вид преминал од „загрозен“ во „ранлив“, со 17-процентно зголемување на популацијата во текот на изминатите 10 години.

Ова е неверојатна промена на судбината за овој вид кој беше во таква ситуација во 2009-тата година што експертите предвидуваа можно исчезнување во рок од три генерации. Денеска има 67 жестоко чувани резервати на панди во Кина, кои заштитуваат скоро две-третини од светската популација.

Подобрувањето на статусот ни потврдува дека напорите на Кинеската влада за да се зачува овој вид се ефективни.

Меѓународната унија за заштита на природата „IUCN“ објави дека до 2014 г. популацијата на џиновската панда се зголемила за 17 проценти, и сега се проценува дека има околу 1.864 возрасни панди во дивината на Кина, додека пак проценетиот број на младенчиња е околу 2.060.

Воведувањето на мерките на „IUCN“ за заштита на шумите и пошумување во Кина значително ја зголемија шумската покривка, како и бројот на достапни живеалишта за овој вид, овозможувајќи им да ја зголемат својата популација во уникатните шуми со бамбус.

„Закрепнувањето на пандата покажува дека кога науката, политичката волја и ангажирањето на локалните заедници ќе се спојат, може да се спаси дивиот свет и исто така да се подобри и биолошката разновидност“ – изјавува Марко Ламбертини, генерален директор на „WWF“.

Еден од најголемите предизвици во зголемувањето на бројот на пандите е фактот дека тие се слаби одгледувачи додека се во заробеништво, и често го губат интересот за парење со други панди во зоолошките градини. Тие исто така се незаситни јадачи.

За разлика од кравите, кои имаат стомак со четири комори и долго дебело црево кои ги апсорбира хранливите материи од тревата која тешко се вари, пандите имаат стомак со само една комора и кратко дебело црево.Тоа значи дека тие треба да јадат 14 часа дневно, и да изедат околу 12,5 кг. бамбус на ден, додека пак дигестираат само околу 17 проценти од тоа.

Кога ќе помислиме дека на една возрасна панда на Земјата и се потребни 12,5 кг. бамбус секој ден, сфаќаме всушност колку е важно нивното живеалиште за нив. Тука доаѓаат и лошите вести.

Иако во моментов популацијата е во пораст, се предвидува дека климатските промени ќе елиминираат повеќе од 35 проценти од живеалиштата со бамбус на пандите во наредните 80 години, па со тоа, се предвидува и пад на популацијата на пандата- покажуваат извештаите.

Генералниот директор на „WWF“, Ло Це Пинг истакнува: „ Треба да го прославиме ова достигнување, но сепак, пандите остануваат раштркани и ранливи, и голем дел од нивното живеалиште е загрозено од лошо планираните инфраструктурни проекти. Запомнете: постојат само уште 1.864 панди во дивината“!

Поддржете ја нашата работа: