Иакo е тешко да се измерат, со помош на детален преглед пронајдени се докази за три вида на трошоци за децата со хендикеп и тоа: директни, настанати како резултат на хендикепот на детето, индиректни направени од страна на семејството, кое што одлучува како најдобро да се справи со хендикепот и долгорочни трошоци поврзани со идните економски перформанси на детето.
Не не’ изненадува тоа што доказите укажуваат на високи директни трошоци за семејствата со деца со посебни потреби, иако проценките варираат значително во рамките на овие семејства. Директните трошоци, особено оние за медицински трошоци, на пример, се повисоки кај семејствата со деца со специјални потреби за здравствена заштита.
Важни индиректни трошоци за овие семејства се одлуките за вработување. Неколку студии покажуваат дека кај дете со одреден хендикеп се зголемува веројатноста дека мајката (и поретко таткото) работат со скратено работно време или воопшто не работат. Истражувачите исто така сметаат дека дете со пречки во развојот може да влијае на здравјето на мајката и создава притисок врз односите на родителите.
На подолг рок, хендикепот го компромитира образованието и способноста да се пронајде и задржи работа. Во просек, негативните ефекти врз идната благосостојба се многу поголеми за децата со ментални здравствени проблеми отколку за оние со физички хендикеп.
Пресметано е дека директните трошоци на семејствата, индиректните трошоци преку намалување на ангажманот на членовите од семејството на пазарот на трудот, директните трошоци за децата со посебни потреби, како и трошоците за безбедност на децата со посебни потреби во просек изнесуваат најмалку $ 30,500 годишно по семејство (податоците се однесуваат за САД). Пресметките не ги вклучуваат сите трошоци, особено медицинските кои се покриени преку здравственото осигурување.
Најмалку две економски области се особено релевантни за проучување на трошоците за дете со хендикеп.
Првата е односот помеѓу инвестицијата за здравјето на детето и можноста во иднина детето да е способно да заработи и да биде продуктивно.
(На најосновно ниво, детето мора да биде доволно добро за да оди на училиште. Промените во физичкото и менталното здравје влијаат на способноста да се учи. Затоа здравјето е една детерминанта на човечкиот капитал. Човечкиот капитал, пак, влијае врз идните економски резултати. )
Другиот фактор е одлуката на родителите дали ќе работат или ќе останат дома да се грижат за детето и потрошувачките навики.
Дополнителен фактор се и трошоците за образованието на децата со одредени недостатоци кои опфаќаат широк спектар на растројства и хронични болести (физички хендикеп, ментална ретардација, аутизам, „ADHD“, астма, општо послабо здравје во детството).
Иако државите покриваат дел од трошоците (Шведска годишно троши 50.000 евра по дете заболено од аутизам или „ADHD“), сепак, товарот на семејствата е огромен.