Факти или митови за имунолошкиот систем: Како да се заштитите од настинки?

Нашиот имунолошки ситем работи напорно за да се избори против инфекциите. Одржувањето на нашето здравје е важно, особено за време на студените месеци.

Постојат многу производи за подобрување на нашиот имунитет, како и многу стари митови кои потекнуваат од нашите баби. Па, што е всушност вистина, а што мит?

Стресот го намалува имунитетот – Факт!

Стресот може да го промени нивото на одредени биолошки маркери во телото, што е од суштинско значење за имунолошкиот систем, со што го загрозува имунолошкиот одговор на една личност, известуваат од „Medical Daily“.

Една студија од 2012-тата година објавена во весникот „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America“ открила дека имунолошкиот систем на оние кои биле под стрес бил помалку чувствителен на кортизол. Ова овозможува еден дел од имунолошката реакција, воспалителниот одговор, да расте и да доведе до симптоми на настинка. Воспалителната реакција се храни од стресот.

Добрата исхрана е поврзана со здравиот имунолошки систем – Факт!

Јадењето на здрава храна, или пак земањето на додатоци ќе го штитат вашето здравје, според Академијата за исхрана и диететика. Протеинот е дел од механизмот за одбрана на телото. Исто така, имунитетот може да се зајакне со витамин А, витамин Ц, витамин Е, цинк и витамин Б6.

Вежбањето го намалува имунитетот – Мит

Вежбањето може да придонесе за општото добро здравје и од таму и за здравиот имунолошки систем, според истражувачите од Медицинскиот факултет на Харвард. Некои од научниците се обидуваат да го преземат следниот чекор за да утврдат дали вежбањето директно влијае на осетливоста на една личност на инфекција.

Значи, за да се заштитите од настинка и да го зајакнете вашиот имунолошки систем во овие студени месеци облекувајте се топло, хранете се здраво, конзумирајте витамини, вежбајте и не се нервирајте!

Поддржете ја нашата работа: