Фактори кои го зголемуваат ризикот од сообраќајни несреќи

Следниот пат кога ќе треба да патувате до некаде со вашиот автомобил, а не се чувствувате сосема добро, од емоционален аспект, можеби треба да го одложите патувањето.

Истражувачите од САД ја составиле досега најголемата студија за автомобилски несреќи и според нивните податоци возачите кои се видливо лути, тажни или емоционално вознемирени имаат 10 пати поголем ризик за сообраќајна несреќа.

Покрај тоа, возачите кои за време на возењето се вклучени во активности кои го одвлекуваат нивното внимание, како на пример користењето на мобилниот телефон или вградените менија во автомобилот, имаат двојно поголем ризик за несреќа. Што е уште пострашно, повеќе од половина од возачите всушност се вклучени во ова т.н. расеано возење.

За да ја создадат својата база на податоци, истражувачите собрале податоци од повеќе од 3.500 учесници од САД во период од 3 години, евидентирајќи повеќе од 1.600 сообраќајни несреќи.

Од вкупниот број на несреќи, 905 биле сериозни несреќи кои вклучувале повреди на учесниците или оштетување на имот. И речиси 90% од овие несреќи биле резултат на човечки фактор, како замор или одвлекување на вниманието.

Со години е познато дека човечкиот фактор е одговорен за огромен број на несреќи, но ова е првата студија која покажува до кој степен тој фактор придонесува за несреќите.

Така, возењето со брзина поголема од ограничената го зголемува ризикот за несреќа 13 пати, посегнувањето по некој предмет во колата го зголемува ризикот 9 пати, додека посегнувањето по телефонот 6 пати. Кога телефонот е веќе во рака, бирањето на одреден број го зголемува ризикот за 12 пати. Нанесувањето на шминка позади воланот, како и возењето премногу блиску позади другите возила, што претпоставуваме дека се опасни, според студијата не го зголемуваат ризикот за несреќа.

Целта на оваа студија е да се идентификуваат ризиците за сообраќајните несреќи и да се создадат соодветни контрамерки за да се осигури безбедноста во сообраќајот, велат истражувачите.

Нивните наоди се објавени во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.