Храбрата коза Тимур во кафез со тигар (ВИДЕО)

Сибирскиот тигар Амур, што живее во сафари паркот Приморски во Русија, два пати неделно се храни со живи животни. Едно од нив требало да биде и козата Тимур. Но, козата очигледно имала други намери – да се соочи со тигарот, наместо кротко да ја прифати својата судбина.

Козата почнала да го брка тигарот, што целосно ја збунило големата мачка. Згора на тоа, како што пишува „NBC“, уморната Тимур решила да се одмори во засолништето наменето за Амур. Амур кој се чини достоинствено го примил ова понижување спиел четири ноќи на кровот од засолништето и сега двете животни се во цврсто пријателство.

Тимур го следи Амур насекаде, веројатно несвесна за потенцијалната опасност. Вработените во паркот, импресионирани од храброста на козата ја нарекле Тимур според ликот на едно храбро момче од детска книга многу популарна во времето на Советскиот Сојуз.

Сибирскиот тигар, кој спаѓа во загрозените видови, не е познат по својата пасивна природа. Минатата година, два млади тигри, кои биле пуштени во дивината од страна на претседателот Владимир Путин, ја преминале границата со Кина и направиле пустош убивајќи десетици кози и кокошки.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.