Изразот на лицето влијае на тоа како луѓето ги оценуваат вашите намери

Независно дали нечие лице ни се допаѓа или не, ние обично ги „читаме“ другите луѓе врз основа на изразот и цртите на нивното лице. Во четири поврзани експерименти, истражувачите од Универзитетот во Њујорк направиле истражување дали различните изрази (и микро-изрази) може да влијаат на нашиот суд во однос на довербата и компетентноста кон одредено лице.

Надите покажале дека учесниците во истражувањето ја одредувале компетентноста на луѓето врз основа на структурата на лицето, додека дали може да им се верува (или какви им се намерите), врз основа на микро-изразите на нивното лице.

„До одредена мера може да влијаете на тоа како ве перципираат другите луѓе во однос на тоа колку сте доверливи, но перцепцијата за тоа колку сте компетентни или способни не може значително да ја промените“- вели професорот Џонатан Фримен, еден од авторите на истражувањето.

Иако биле фокусирани само на две социјални димензии, компетентноста и доверливоста, претпоставките се дека истите ефекти што се забележени тука би биле исти и кај голем број други димензии, велат истражувачите во заклучокот од истражувањето.

Во видеото на „Ted Talk“ подолу се нудат неколку сугестии за тоа како може добро да го искористиме нашето познавање на изразите на лицето. Водителот особено ги анализира микро-изразите – краткотрајните и главно неволни изрази на нашите емоции кои поминуваат на нашето лице.

Микро-експресиите, кои се повеќе израз на нашите чувства отколку на нашите рационални мисли, претставуваат знаци за обемот на емоциите кои ги доживуваме во било кој даден момент, во исто време укажувајќи на тоа како би делувале.

Интересно е што и лицата кои се слепи од раѓање ги покажуваат истите микро-експресии како и нивните родители.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.