Како бебињата учат да зборуваат


Тие користеле сосема нови зборови („кипи“ или „мома“) кои требало да се однесуваат на слики со шилести или заоблени форми. Тие откриле дека за многу брзо време бебињата почнале да ги поврзуваат зборовите со видот на сликите.

Осцилаторните активности во мозокот на бебето се зголемувале кога бебето ќе го чуело вистинскиот збор заедно со сликата што кореспондирала со него, додека такви активности не се случувале кога на бебето му била прикажувана погрешна слика што некореспондира со зборот. „Ова укажува на тоа дека мозокот на бебето спонтано се вклучува кога ќе дојде до поклопување на визуелната и звучната информација“, вели д-р Сатаро Кита, еден од истражувачите.

Анализата на тоа како различни области на мозокот комуницираат едни со други, исто така, покажала изненадувачки резултати.

Д-р Кита вели: „Комуникацискиот сообраќај помеѓу различните региони на мозокот се одвиваше многу лесно во ситуациите кога зборот одговараше со сликата, меѓутоа кога зборот не одговараше со сликата што му ја покажувавме на бебето сообраќајот стануваше тежок и тоа посебно во левата хемисвера, каде најчесто се процесира јазикот. Левата хемисвера мора да работи понапорно со цел да ги асоцира визуелните и звучните информации кога тие не претставуваат природен пар“.

Овие податоци откриваат дека звучниот симболизам му овозможува на 11- месечното бебе спонтано да ги поврзува звукот од изговорениот збор со визуелниот референтен предмет што го гледа во надворешниот свет. Истражувањето е објавено во „Cortex“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt