Како изгледа најболниот убод од инсект на светот? (Видео)

Мравката-куршум од Централна и Јужна Америка ја носи титулата за инсект кој има најболен убод на светот, поради што и всушност го добила своето име.

Џастин Шмит од Биолошкиот институт во Аризона, САД, искусил таков убод и го оценува како најболниот убод на светот. Го опишува како чиста, интензивна, брилијантна болка. Како да се движите по жежок јаглен со шајки од околу 10 сантиметри забодени во петиците. Болката се чувствува дури и во текот на во следните 12-24 часа.

Шмит направил индекс на болката, односно ја рангирал болката предизвикана од убод од ципокрилците (група на инсекти во која спаѓаат осите, пчелите и мравките) на скала од 1 до 4, при што куршум мравката се наоѓа на највиското 4-то ниво.

Покрај него, имаме уште еден јунак кој на своја кожа ја искусил оваа болка. Се работи за презентерот Којоти Питерсон од „Brave Wilderness Channel“, кој сакајќи го подреди индексот на болка и да ги искуси од прва рака најмоќните убоди што инсектите може да ги нанесат, се изложува на неколку најболни убоди од инсекти. Најпрво започнува со тоа што ја поставува својата рака во гнезно на жетварски мравки, чест вид во југозападниот дел на САД.

Потоа, ја става својата рака во гнездо на огнени мравки. Џастин Шмит го опишува убодот од оваа мравка како остар, моментален, малку растревожувачки, како да одиме по рунтав тепих и да посегнуваме по прекинувачот за светло. Тој го сместува овој убод од мравката на ниво бр.1 на болка.

maxresdefault

Потоа Петерсон преминува на кадифената мравка, што е неверојатно убав инсект од Северна Америка и технички е оса.

mutillidae02

Оваа оса го има најголемиот трн во однос на големината на телото и предизвикува очајна болка која трае 30 минути.

На нивото бр.3 на болка се наоѓа осата наречена „tarantula hawk“ која е вистински кошмар со своите 5см во должина, и како што вели Шмит, убодот е како вклучен фен да е врлен во вашата када.

tarantula-hawk

На нивото бр.4 на болка Питерсон завршува со состојба на парализа на својата рака која трае речиси 5 минути од најболните инсекти од сите – мравката-куршум (Paraponera clavata).

И тој ја издвојува болката на мравката-куршум како најсилна и вели дека е еднаква на тоа да ве стрелаат со пиштол цели 24 часа.

Отровот од мравката – куршум се состои од „Poneratoxin“ што е парализирачко невротоксично соединение кое директно влијае на централниот нервен систем и предизвикува бавни, долготрајни и неверојатно болни мускулни контракции.

Ако сакате да видите како изгледа тоа, погледнете го видеото.

За поинаква перспектива, погледнете го видеото на „Hamish and Andy“.

https://www.youtube.com/watch?v=lzPwRYnLF5A

Поддржете ја нашата работа: