Како изгледа одгледувањето на еден од најголемите инсекти на светот

Asset

Мајк Фидел од Музејот Викторија во Австралија имал ретка привилегија да ги одгледува јајцата на најдолгиот инсект-стапче во Австралија – „Ctenomorpha gargantua“.

Наречена „Лејди Гага-нтуа“, или како што истражувачите скратено ја нарекуваат Лејди Гага, е откриена во јануари 2014 година и за време на својот неколку неделен живот во заробеништво положила 12 јајца.

Овие инсекти обично живеат од неколку месеци до 3 години во зависност од видот, но и покрај нивната големина речиси ништо не се знае за нивната биологија, особено кај женките.

Лејди Гага е првата возрасна женка од овој вид која живеела во заробеништво, па истражувачите во музејот со особено внимание се грижеле за неа и нејзините јајца, кои претставуваат почеток на една нова популација на овој вид.

На Фидел му била доделена одговорноста да се грижи за јајцата бидејќи имал претходно искуство во таа област, а и самиот приватно чувал неколку колонии. Така тој ги одгледувал животните во својот дом, со што имал можност постојано да ги надгледува нивните активности и однесувања, дури и во текот на ноќта.

image-20160202-32222-11da88nТака, на 7 септември 2014 година се ивело првото јајце. За жал, тоа не преживеало, но по 3 дена се извеле и второто и третото, и до 2 октомври се извеле вкупно 7. Останатите 5 јајца најверојатно биле неплодни.

Сите малечки биле чувани во ист кафез со контролирана температура (28 степени Целзиусови)  и влажност на воздухот (85-95% влажност). Напредувале и растеле брзо и со текот на времето можел да се распознае нивниот пол – три биле машки, 4 женски.

Својата зрела фаза ја достигнале дури по повеќе од една година, поради пониските температури во нивната околина.

Секоја од 4-те женки ја надминала својата мајка во големината, а најголемата достигнала должина од неверојатни 56,5 см. Потоа, сите машки биле спарени со сите женки и тие почнале да положуваат јајца.

Asset

„Со совршени климатски услови и соодветна грижа, можам да кажам дека несомнено може да создадеме примероци и до 61 см. во должина, што овој инсект би го направило најдолгиот на светот“, вели Фидел.

Во моментов, две возрасни женки и еден мажјак се се’ уште живи и изложени во музејот. Новоположените јајца ќе се одгледуваат за да се достигне доволна бројка за да може да се изложат како најдолгите инсекти во Австралија, а можеби и во светот.

Поддржете ја нашата работа: