Какви мистерии лежат под полиците од мраз на Антарктикот?

Научниците од „Australian Antarctic Division“ неодамна се нурнаа под површината на мразот на Источен Антарктик со цел преку видеа да ни го пренесат фасцинантниот скриен свет од студените длабочини.

Минатата недела биологот Глен Џонстон и неговиот тим објавиа видео со ретки видови на различни растенија и животни кои не само што преживуваат на тие температури, туку и напредуваат.

Погледнете го видеото кое е проследено со раскажување на биологот Џонстон.

Џонстон: Ние нуркаме под мразот во О’Брајан Беј, јужно од истражувачката станица Кејси во Источен Антарктик.

Ова е напреден, шарен свет исполнет со сунѓери, морски краставици, морски пајаци, црви, алги и морски ѕвезди.
antarctic

Тука сме на 30 метри под површината, каде што температурата на водата е -1.5 ° C во текот на целата година, а морето е покриено со мраз кој е дебел метар и половина во повеќе од десет месеци годишно.
Мразот обезбедува заштита од временските услови при што под водата се развива биодиверзитетот.

Научниците од „Australian Antarctic Division“ работат напорно за да му обезбедат вредност и разбирање на овој континент.

Поддржете ја нашата работа: