Ќе се клонира изумрениот пештерски лав?

Корејските и Руските научници селектирале примероци од ткивото на фосилизирани млади пештерски лавови со надеж дека ќе можат да извлечат ДНК и да ја употребат за клонирање, изјави професорот Хванг од Корејскиот универзитет, кој воедно е и експерт за клонирање и на јавноста и е познат по обидите за клонирање на мамутот.

Минатата година, на територијата на Јакутија, биле откриени целосно зачувани фосили на два млади пештерски лавови, кои научниците сметаат дека биле многу млади (можеби само една или две недели по раѓањето) бидејќи се’ уште имале бебешки заби, и тоа не сите.

813A7062

Овие животни живееле на територијата на Јакутија пред повеќе од 10 – 20 илјади години и се смета дека биле 8-10% поголеми од современите лавови.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Запознајте го пештерскиот лав.

Научниците се надеваат дека овие откритија ќе овозможат одговори на многу прашања за анатомијата, морфологијата и потеклото на пештерските лавови, особено поради фактот што сега за прв пат се пронајдени цели фосилизирани трупови.

Поддржете ја нашата работа: