Дали да го клонираме Мамутот?

Научниците од Јужна Кореа размислуваат дали да го клонираат мамутот, но се загрижени за етиката на таквиот проект.

Инсунг Хванг, генетичар од јужно корејската биотехнолошка компанија „Sooam“, вели дека тој и неговиот тим сметаат дека можат да го клонираат изумрениот вид на влакнести мамути (woolly mammoth) користејќи ДНК од добро сочуван мамут пронајден во снегот на Сибир.

Меѓутоа многумина од научната заедница се противат на оваа идеја. Д-р. Тори Хериџ е една од оние кои сметаат дека клонирањето би било сурово и дека придобивките од создавањето на жив мамут не би ги надминале етичките проблеми.

„За да се клонира мамут би бил потребен слон како сурогат мајка кој ќе го носи 22 месеци и откако ќе го роди може наскоро да умре. Најверојатно би биле потребни многу слонови за овој експеримент. Мислам дека не вреди“, вели таа.

Новороденчето мамут најверојатно веднаш ќе биде означено како загрозен вид и ќе мора да се прилаги на условите во современите средини, како и на живот во заробеништво.

Тимот на научници од Јужна Кореа се согласува дека обидот за клонирање би бил долготраен процес, а се’ уште не е ни јасно дали остатоците од мамутот во Сибир ќе ги обезбедат крвните зрнца потребни за тој процес. Меѓутоа, доколку го клонираат, ќе успеат значително да го анализираат видот кој одел на Земјата пред околу 10.000 години.

Сер Иан Вилмут, професорот кој стои зад првиот клониран цицач – овцата Доли, смета дека е вреден проект и дека треба да се направи само доколку сме во можност да му пружиме одлична нега на тоа животно.

„Ако има разумни можности да бидат здрави, тогаш треба да го направиме тоа. Можеме да научиме многу“, вели тој.

Остатоците од мамутот биле пронајдени во Сибир во мај 2013 година како резултат на топењето на снегот и вклучувале три нозе, поголемиот дел од телото и делови од главата и сурлата.
406i2Научниците веќе откриле дека мамутот, кој го нарекле „Buttercup“ живеел пред околу 40.000 години, родил околу 8 деца и имал околу 50 години кога умрел. Бил голем отприлика колку еден слон, што е многу помалку од вообичаената репутација на мамутите дека се масивни.

Г. Хванг вели дека неколку научни институти веќе работат на примероците од крв со цел да најдат целосно јадро, како и добро сочуван геном, кои би можеле да се искористат за клонирањето. Затоа смета дека етичката дискусија треба да започне.

Енаука.мкРЕОБЈАВЕНА СТАТИЈА

Енаука.мк ве поканува да ги изнесете своите ставови и погледи во однос на темава и сите заедно да придонесеме да се отпочне продуктивна дискусија во Р.Македонија, бидејќи клонирањето во иднина ќе биде се поприсутна тема, како во науката така и во етиката.

Поддржете ја нашата работа: