Кина доживува златна доба на науката

Самото истражување е извонредно, но подеднакво значаен е и фактот дека Ту е првиот научник кој добил Нобелова награда за истражувања направени во кинеска институција – и покрај фактот дека во Кина се обучуваат повеќе научници и инженери од која било друга нација на Земјата.

Всушност, Кина сега троши повеќе пари на истражувања и развој отколку Европа, и се предвидува дека до 2020 година ќе ги надмине и САД. Но, и покрај големите инвестиции, причината поради која кинеската наука заостанува зад другите во светот е нејзината историја на несигурни истражувања. Не е тајна дека кинеските научници фалсификувале фосилни записи, ги поместувале границите на модифицирање гени кај луѓето и често пати биле вклучени во лажни проценки на научните трудови и истражувања. Проблемот не е во кинеската наука, туку во кинеската култура на истражување.

Но, нивната култура започнува да се менува и Кина сега наводно е фокусирана на промена на нејзиниот лош углед и издавање на квалитетни научни изстражувања. Во текот на изминативе две години, Кина спроведе одлични реформи и иако се’ уште има проблеми во системот и научните институции, се труди да ги надмине. Националната фондација за наука на Кина ги охрабрува научниците да ги објавуваат своите истражувања во списанија со отворен пристап и го зголемува буџетот за финансирање на истите.

Овој притисок кон транспарентност во областа на науката и квалитетот на истражување би требало да ја промени нестабилната култура на истражување, и со тоа Кина да се приклучи на земјите кои најмногу придонеле за развојот на човештвото.

Поддржете ја нашата работа: