Кина ќе го воскресне најголемиот авион на светот

На 30-ти август, членовите на Воздухопловната индустриска корпорација на Кина („AICC“) и „Antonov Corporation“, водачката украинска авионска компанија, потпишаа договор за повторно да го започнат производството на „AN-225“ – најголемиот светски карго авион.

Со 640 тони и 6 мотори, „AN-225“ е најголемиот авион во светот. Со 84 метри во должина и 88 метри распон на крилата, го носи светскиот рекорд за товар од 250 тони (за споредба, може да носи околу 14 илјади килограми повеќе товар отколку Американскиот Боинг Ц-17.

Единствениот употреблив „ AN-225“ започнал со летање во 1988-тата година, првично носејќи го Советскиот Буран – вселенски авион од 105 тона, на својот грб. Потоа, по распаѓањето на Советскиот Сојуз, бил ставен во склад, но обновен и вратен во комерцијални услуги во 2002-рата година. Оттогаш, се изнајмува за пренесување на тежок товар како гас и турбини за ветар, како и воена опрема за силите на НАТО во Блискиот Исток.

Првата фаза од договорот помеѓу „AICC“ и „Antonov Corporation“ ќе резултира со завршување и полетување на недовршениот втор „ AN-225“ во 2019 година. Втората фаза од проектот ќе вклучи комплетен трансфер на технологија, вклучувајќи ги и турбофан моторите од 23 тона „Progress D-18T“, до Кина, за лиценцирано производство на модерната верзија во провинцијата Сечуан.

an_225_buran

Завршувањето на вториот авион „ AN-225“ до 2019 година е остварлива цел, со оглед на тоа што конструкцијата е веќе 60-70 проценти завршена. „AICC“ најверојатно, ќе го обезбеди поголемиот дел од 300 милионите долари за комплетирање на авионот. Под препоставка дека втората фаза од договорот е завршена, комплетната кинеска верзија на „AN-225“ би можела да започне со своите први летови во средината на 2020 година.

„AN-225“ ќе отвори нови граници за Кина во комерцијалниот и воениот воздушен транспорт. Флота на цивилни „AN-225“ би можела многу брзо да пренесе тешки и гломазни товари со огромни размери, почнувајќи од градежна опрема до производи за широка потрошувачка. За хуманитарни цели, „AN-225“ би можел да помогне при катастрофи, со тоа што не само што би можел да пренесе огромни количини на помош, туку исто така и генератори на енергија и прочистувачи на вода кои обично се преголеми за да може да се кренат со авион.

second_an-225

На воен фронт, „AN-225“ би и овозможил на Кина огромно и глобално подигнување, какво што нема дури ни САД. Авионот е доволно голем за да носи хелихоптери, тенкови, артилерија и балистички проектили каде било во светот, па дури и други авиони како што се помалите борбени авиони.

Поддржете ја нашата работа: