Кој е заслужен за регенерацијата на црниот дроб?

Матичните клетки не само што го одржуваат својот број, туку имаат и способност да станат друг вид на клетки преку процесот што се нарекува диференцијација. Со тоа го одржуваат бројот на клетки во органот, откако зрелите клетки ќе изумрат. Клетките што го одржуваат овој процес досега не биле идентификувани.

За да ги откријат овие клетки во црниот дроб, научниците користеле сигнален маркер – одговорот на клетките на сигналите, пренесени преку познат регулатор на матични клетки наречен „Wnt“. Кај глувците, генот наречен „Axin2“ станувал поактивен кога бил присутен „Wnt“. Користејќи флуоресцентни ознаки за да ги следат клетките со гените што реагираат на „Wnt“, научниците дошле до група од клетки околу централната вена на црниот дроб. Оваа популација од клетки се однесувала како стем клетки, поточно, клетките што продуцираат „Axin2“ се самообновувале, што е главна карактеристика на матичните клетки. Тие исто така изгледале како матични клетки со две копии од секој хромозом, наместо повеќебројна хромозомска организираност, што често го имаат зрелите матични клатки од црниот дроб – се вели во извештајот од научниците, објавен во списанието „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: