Колку заработуваат докторите во Америка?

Во истражувањето учествувале повеќе од 24 илјади доктори со 25 различни специјализации.

 


Резултатите покажале дека регионот влијае на примањата, односно оние кои живееле во руралните предели заработувале повеќе отколку оние во градовите. Тоа најверојатно се должи на помалата конкуренција во помалите заедници, кои пак мора да плаќаат повеќе за да ги привлечат докторите.

Во северозападниот дел на Америка, еден доктор зема просечно околу 249 илјади долари (околу 225 илјади евра) годишно, додека во североисточниот 239 илјади долари (околу 215 илјади евра) годишно.

Друг графикон покажува колку докторите се задоволни од нивните примања. Најзадоволни се дерматолозите, со просечна заработка од 308 илјади долари (околу 275 илјади евра) годишно, додека најнезадоволни се пластичните хирурзи со просечна заработка од 321 илјади долари (околу 290 илјади евра) годишно.


Следниот графикон ги покажува работните часови, односно видовите на доктори кои имаат повеќе од 40 работни часови во неделата. На прво место се анестезиолозите, додека на последно патолозите.


Кога станува збор за нивната специјализација, само 26% изјавиле дека повторно би ја одбрале истата пракса, а 47% би ја избрале истата експертиза.

За да го видите целосниот извештај, кликнете тука.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt