Луѓето разликуваат само околу 30 нијанси на сиво

Податокот го добивме од еден труд за дисплеј технологија наречен „Biological versus electronic adaptive coloration: how can one inform the other?”.

Се разбира, тоа е груба проценка. Во зависност од условите на осветлување, текстурата на површината и бојата во позадина, можеби би можеле да разликуваме уште неколку повеќе или помалку нијанси.

Сликата на почетокот е всушност оптичка илузија. Лентата е една нијанса на сиво, меѓутоа поради различната нијанса на бојата во позадина, ни се чини дека има различни нијанси по должината на x-оската.

За разлика од сивата, луѓето разликуваат многу повеќе видови на бои и тоа околу 10 милиони, а некои дури и повеќе.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација